Connect with us

Гевгелија

Советот одлучи, НЕ – за производството на палети од увозен отпад и истражување на металични минерални суровини

Avatar

Published

на

Советот на општина Гевгелија на одржаната седница даде негативно мислење по повторното брање од компанијата „П и П Индустриас“ДОО Скопје за складирање на RDF и производство на палети од RDF во општина Гевгелија.

Имено, општина Гевгелија во јуни годинава даде негативно мислење по истото барање, бидејќи во непосредно опкружување на наведената локација (поранешна фабрика „Керамика“) се наоѓаат капацитети во кои, главно, се произведуваат прехранбени производи.

На јавната презентација на проектот организирана тогаш со учество на претпријатијата лоцирани на улица „Индустриска“, невладините организации и претставници на локалната самоуправа беше нагласено дека производството и складирање на палети од RDF гориво ќе има штетно влијание на воспоставените индустриски процеси и смата урбанизирана средина.
Меѓутоа, по четири месеци Министерството за животна средина на Република Северна Македонија достави повторно барање до општина Гевгелија за мислење во врска со дополнетото известување од италијанската фирма „П и П Индустрис“ со седиште во Скопје за намера за спроведување на проектот „Складирање на RDF и производство на палети од RDF во општина Гевгелија“. Овој пат во барањето како алтернативни локации повторно ја наведува локацијата и закупениот погон на поранешната фабрика „Керамика“ и општина Гевгелија.
Претставниците на „П и П Индустриас“ ДОО Скопје на денешната седница на Советот на општина Гевгелија пред советниците и претставниците на невладините организации го презентираа проектот и причините зошто се определиле за оваа локација.

 Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на седницата информираше дека, по јавната презентација во јуни, доставил негативно мислење за поднесено барање, но, по неговото повторно доставување оценил дека добро е за истото да се произнесе и Советот на општина Гевгелија. Советот на општина Гевгелија едногласно даде негативно мислење на барањето на италијанската фирма за производство на палети од RDF гориво, кое ќе се увезува од Италија, ќе се складира и произведува во Гевгелија, а палетите ќе се извезуваат во Италија.
Исто така, Советот на општина Гевгелија едногласно одлучи да даде негативно мислење и за повтореното барање за мислење, доставено од Министерството за економија, од компанијата „Минералс резервоарс“ од Канада за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на металични минерални суровини на локалитетот „Матушница-Исток“, кое се наоѓа на териториите на општините Гевгелија и Кавадарци.

Имено, Советот на општина Гевгелија во декември 2017 година веќе еднаш даде негативно мислење за ова барање, но, по неговото повторување поради корегираната топографска карта, гевгелиските советници едногласно повторно дадоа негативно мислење. На тоа не обврзува референдумот на кој мнопзинството граѓани на општина Гевгелија се изјаснија против истражување и експлоатација на металични минерални суровини на територијата на општината.
Пред почетокот на седницата, на повик од граѓанското здружение „Спас за нас“ гевгеличани протестираа пред зградата на локалната самоуправа против отворање погон за преработка на отпад и продолжување на геолошките истражувања за злато на планината Кожуф.

-Не смееме да дозволиме најчистиот и најубавиот град во Македонија да се претвори во депонија за увозен отпад. Очекуваме и ги охрабруваме нашите сограѓани советници да донесат едногласна одлука со големо НЕ како што тоа го направија во неколку наврати во изминатите две години,а на компаниите им порачуваме отпадот да си го преработуваат дома, изјавија организаторите на протестот и граѓаните.

 Притоа, гевгеличани генерално им порачаа на сите загадувачи да не го губат времето со овие деструктивни проекти затоа што Гевгелија била и ќе остане еколошка оаза информираат од Општина Гевгелија.

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе