Освен за потребите на образовниот процес, истата ќе може да се користи и за рекреативни цели, се со цел развој на младите и генерално за развој на спортот во општината.
Изградбата на
спортската сала во Конче која стартуваше летово тече според предвидената динамика
информираат од општина. Станува збор за спортска сала која се гради со
средства на Министерството за образование, во дворот на ООУ “Гоце Делчев” во Конче и
истата би требало да биде готова до
почетокот на следната учебна година.
,,Изградбата на
спортската сала се одвива во полн ек, ова ќе биде првата спортска сала изградена
во општина Конче, овој проект беше еден од приоритетните проекти за кој вложивме голем труд за да успее, како што
најавивме и претходно општина Конче ќе продолжи да вложува во проекти за развој
на младите и подобрување на условите за нивното образование’’, истакна градоначалникот на Конче Благој Илиев.
Првата спортска сала во општина Конче освен за потребите на образовниот процес, ќе може да се користи и за рекреативни цели се со
цел развој на младите и генерално за развој на спортот во ова мала општина,
која контуинирано ги поддржува спортските клубови и турнири што се организираат
во рамките на локална самоуправа.
Од општината информаираат, дека изведувачот ,,Гранит’’ ги реализира работите според утврдениот план и динамика.