Во рамките на проектот „Програма за подршка на општините 2020-ЕУ ИПА“ во Општина Радовиш се одржа работилница, заедно со претставниците од Европската делегација во Македонија на тема: избор на приоритетни проекти за финансирање и имплементација од Општина Радовиш. Избраните проекти во иднина ќе бидат реалзирани во партнерство помеѓу општините, граѓанскиот сектор и малите и средни претпријатија. Работилницата ја отвори градоначалникот Герасим Конзулов кој ги поздрави присутните од Европската делегација од бизнис секторот и од невладините здруженија, и притоа рече дека програмата нуди можности кои општина Радовиш, заедно со приватниот сектор и ЈП Плаваја треба да ги искористи.
Претставниците од Европската делегација појаснија дека се работи за
апликација во висина до 500 илјади евра, а проектите треба да бидат иновативни
и да не бидат од областа на инфраструктурата.
Проектите со кој би аплицирале општините треба да бидат готови до крајот на јуни 2020 година. Се очекуваат околу 20 апликации од 80 општини во Македонија. Општините може да соработуваат со други општини или невладини организации и мали и средни претпријатија, но една општина ќе биде носител на проектот.
Денешната работилница во Радовиш беше организирана од страна на канцеларијата за локален економски развој во соработка со Европската делегација, а присуствуваа повеќе претставници од бизнис секторот и од невладини здруженија од Радовиш.