Со ова ги суогласуваме пензиите по трет пат најави
министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на прес конференција
заедно со директорот на Пензискиот фонд и претседателката на Сојузот на
пензионери на Македонија.
Една милијарда евра за исплата на пензиите на 320.000 пензионери во
наредната 2020 година проектираше Владата во Буџетот. Околу 50 милиони евра ќе
чини покачувањето на пензиите кое го најави премиерот Зоран Заев и
министерката Царовска.
На почетотокот
на 2020 година просечната пензија со последното покачување ќе изнесува 15 500
денари.
Од 700 до 730 денари ќе добијат сите пензионери на сметка, а плус 120 до
180 денари ќе им биде исплатено од порамнувањето на пензиите, со што вкупно
пензиите ќе пораснат од 850 до 900 денари.
Премиерот
Заев вели ова не е предизборен поткуп на гласови, тука инвестиција во човечкиот
капитал. Пензионерите одработиле и редно е да ги почувствуваат бенефициите од
тоа што на економијата и оди добро. Просечната плата пораснала за 2.297 денари,
а минималната за 5.500 денари, па според Заев треба да пораснат и пензиите.
Пензиите ќе се зголемуваат трет пат во годината
и на тој начин ќе се постигне баланс помеѓу
квалитетот на живеење и приходи кај работоспособното население и квлатитетот
на живеење и приходи кај пензионерите. Приходите во пензискиот фонд
пораснале минатата година над 10 проценти додаде Царовска.