Connect with us

Економија

Зголемување на пензиите на почетокот на 2020 година согласно растот на економијата

Avatar

Published

на

Со ова ги суогласуваме пензиите по трет пат најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на прес конференција заедно со директорот на Пензискиот фонд и претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија.

Една милијарда евра за исплата на пензиите на 320.000 пензионери во наредната 2020 година проектираше Владата во Буџетот. Околу 50 милиони евра ќе чини покачувањето на пензиите кое го најави премиерот Зоран Заев и министерката Царовска.

На почетотокот на 2020 година просечната пензија со последното покачување ќе изнесува 15 500 денари.

Од 700 до 730 денари ќе добијат сите пензионери на сметка, а плус 120 до 180 денари ќе им биде исплатено од порамнувањето на пензиите, со што вкупно пензиите ќе пораснат од 850 до 900 денари.

Премиерот  Заев вели ова не е предизборен поткуп на гласови, тука инвестиција во човечкиот капитал. Пензионерите одработиле и редно е да ги почувствуваат бенефициите од тоа што на економијата и оди добро. Просечната плата пораснала за 2.297 денари, а минималната за 5.500 денари, па според Заев треба да пораснат и пензиите.

 Пензиите ќе се зголемуваат трет пат во годината и на тој начин ќе се постигне  баланс помеѓу квалитетот на живеење и приходи кај работоспособното население и  квлатитетот  на живеење и приходи кај пензионерите. Приходите во пензискиот фонд пораснале минатата година над 10 проценти додаде Царовска.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе