Categories: Гевгелија

Тридневната манифестација насловена како „Фестивал на локална храна и вино 2019“ се одржа во Гевгелија

Во Гевгелија се одржа презентација на локална храна и вино, која привлече внимание кај гевгеличани, но и други гости.

Општина Гевгелија беше организатор на оваа тридневната манифестација насловена како „Фестивал на локална храна и вино 2019“, која се одржа со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Производителите на храна и вино, преработувачите на земјоделски производи и локалните пчелари на своите штандови поставени на шеталиштето, во центарот на градот, ги изложија своите производи, овозможувајќи им на посетителите да ги дегустираат и да ги купат.
На фестивалот учествуваа десеттина производители на преработки од овошје и зеленчук, пчелари, винари, лебопекари и претпријатија за производство на колачи.

Манифестацијата беше збогатена со културно – уметничка програма во која учествуваа локални фолклорни ансамбли, танчерски групи, како и ученици од основните училишта и гевгеликите градинки кои преку песни, игри и ликовни работилници го афирмираа локалното творештво. Оваа манифестација треба да стане традиционална, бидејќи гевгелиските производители на преработки од зеленчук и овошје, винари, здруженија на пчелари се надалеку познати надвор од земјата.

 Најголемиот дел од своето конзервирано производство го извезуваат, но, помалку се познати меѓу самите гевгеличани и жители на поширокиот регион, велат од општина Гевгелија, порачувајќи дека идната година фестивалот ќе биде уште побогат и поразновиден.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago