Тоа беше еден од најголемите успеси на македонското борење и македонскиот спорт. Екипата
на БК„Бучим – Јака“ во 1995 година ја освои
титулата Европски клупски шамион во борење слободен стил во Париз – Франција,
за да една година потоа го освои првото место на Светскиот интернационален куп во борење, на кој учествуваа шампионите на Америка, Евопа и Азија, одржан од 08 до 10 ноември 1996 година во Радовиш.
По тој повод БК „Бучим“ од Радовиш со пригодна свеченосот,
одбележа 24 години од освојувањето на Европската шампионска титула и 23 години
од освојувањето на Светската шампионска титула на БК „Бучим -Јака“ во клубско
борење слободен стил.
На свеченоста од името на клубот, беше изразена голема благодарност за својот личен и колективен придонес во
освојувањето на шампионските титули на професор д-р Ванчо Чифлиганец, тогашен
повоќегодишен претседател на Сојузот на боречките спортови на Македонија, на
органзиациониот одбор од 1989 до 1999година, и директор на Рудникот Бучим, голем
стратег и визионер Бучим- Јака да го
направи Светски шампион.
Професор д-р Ванчо Чифлиганец во оваа пригода се заблагодари
на сите борачи, спортски соработници и подржувачи на борењето, кои допринеле БК Бучим-Јака, да стане европски и светски
шампион. Во профолежение н свеченоста, беа доделни
благодарници на најуспешните и на сите оние кои го заслужија успехот на БК Бучим
од Радовиш. Присутните ги поздрави и
претседателот на БК Бучим од Радовиш Владо Лазаров.