Македонија
Со проектите на Локалните акциони групи до подобрување на условите за живот во руралните средини
Објавено на
Од
Media Press
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска ги доделија договорите на седум од вкупно девет Локални акциони групи(ЛАГ-ви), коишто добија финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој, наменета за проекти за развој на руралните средини.
Министерот Димковски посочи дека ова е првпат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да обезбеди и да стимулира формирање на локални акциони групи.
“За да бидат регистрирани во Регистарот во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, потребно беше да исполнат одредени услови, сите кои исполнуваа услови можеа да се пријават на јавниот оглас и еве денес веќе беа врачени договорите.Локалните акциски групи или ЛАГ-ови, се највисока форма на здружувања помеѓу општините, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. За да се регистрира еден ЛАГ се потребни две општини, доколку една општина е член на еден ЛАГ не може да биде и на друг. Поддршката доаѓа преку програмата за рурален развој и ќе продолжи и понатаму. ЛАГ-овите коишто ги добија овие финансиски средства во зависност од нивната имплементација ќе мора да спроведуваат јавни набавки, што е уште едно надополнување на мерките за одговорно трошење на јавните пари.”- Изјави министерот Димковски
Секој од овие девет ЛАГ-ви, имаат подготвено проекти за поставување на урбана опрема, реконструкција на сместувачки капацитети, монтажа на фотоволтаични системи,уредување на туристички места, реализирање на проекти, односно за се што е во насока на создавање на услови за подобар живот во секоја руралните региони. Овие проекти ќе се реализираат во струмичко Босилово, Кривогаштани, Јегуновце, Пехчево, Ранковце, Градско, Конче, Стојаково во општина Богданци, Куманово.
“Вкупната финансиска поддршка која ќе им биде доделена на овие девет ЛАГ- ови, е 7,7 милиони денари. Финансиската поддршка е неповратна и се врши поврат на 100% од реализираната инвестиција. Со помош на овие средства во речиси сите делови од државава, ќе се реализираат повеќе проекти кои се реална потреба на граѓаните а претходно ја имаат мапирано Локалните акциони групи.” – Изјави директорот Бабовски
ЛАГ-овите се еден вид на јавно приватно партнерство во кое што се вклучени самите земјоделци, земјоделските здруженија, бизнис заедницата и локалните самоуправи. Овој модел на заедничко функционирање пред се овозможува висок степен на демократија и партиципација на земјоделците во изборот и креирањето на приоритетите во аграрната политика.
Во рамки на ЛАГ-овите, земјоделците и населението во руралните средини ќе имаат можност директно да ги посочат своите барања и потреби во однос на развивање на руралните средини. На пример, да имаат одлучувачко право што е приоритет за општината, дали е тоа патот, улицата, училиштето, разни објекти за подобрување на руралниот туризам и слично.
Поврзани содржини

Потпишани договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа (втора фаза)и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш

Градоначалниците на општините Василево, Ново Село и Босилово потпишаа договори во Владата, за реализација на инфраструктурни проекти

Доделени решенија на 34 општини за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште

Потпишани нови 10 договори со општините за грант за развој на социјалните услуги

Стартува сезоната за склучување на нови договори за набавка на огревно дрво за новата грејна сезона

Општините од Југоисточниот плански регион потпишаа договор за соработка со Министерството за локална самоуправа.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

