Connect with us

Регион

Ниту една од десетте општини од Југоисточниот регион не е високо транспарентна според податоците од истражувањето на Здружението „Еко Правда“

Avatar

Published

на

Според резултатите од истражување на транспарентноста во јавните набавки на општините од Југоистокот за 2018 година, ниту една од десетте општини од Југоисточниот регион не е високо транспарентна во информирање на јавноста околу јавните набавки. Четири општини се рангирани  на солидно ниво на транспарентност, четири општини се со ограничено ниво на транспарентност, додека пак две општини се минимално транспарентни.

Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Здружението Еко Правда, во рамките на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки”, што го спроведуваат „Центарот за граѓански комуникации“ и „Фондација Фокус“.

Според ова истражување  Општина Дојран е на врвот на ранг листата според транспарентноста на локалните власти во Југоисточниот регион со 39 поени односно, 63% од максималните можни поени.

. Второто, третото и четвртото место ги поделија три општини, односно Општина Богданци, Општина Радовиш и Општина Гевгелија со 61% од максималните поени. Општини со ограничено ниво на транспарентност се Општина Василево со 58% од вкупниот број на поени, потоа Општина Валандово и  Општина Конче со 56% и Општина Босилово со 52% од вкупниот број на поени. Последните две места припаѓаат на Општина Струмица и Општина Ново Село. Вкупно 30 поени доби Општина Струмица, што е 48% од вкупниот број на поени, додека пак Општина Ново Село е најслаборангираната општина со 26 поени, односно 42% од вкупниот број на поени.

Десетте општини од Југоистокот во 2018 година заедно потошиле 10.7 милиони евра пеку спроведени 348 тендери и склучени 426 договори за јавни набавки.

По одделни критериуми анализите покажуваат дека, само една општина на својата веб страна го објавувила годишниот план за јавни набавки за 2018 година, дури седум општини имаат ниска реализација на истиот и ниту една општина нема воспоставено систем за следење на реализацијата на планот за јавни набавки.

На сите општини им недостасуваат податоци на нивните веб страници околу објавување огласи за јавни набавки и објавување на известувањата за склучени договори за јавни набавки и евентуални анекси.

Кај две општини се забележани тендерски документации кои со дискриминаторски елементи можат да ја ограничат конкуренцијата.

Истражувањето е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата Фокус. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Здружението Еко Правда Валандово, на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Извор: https://www.facebook.com/pg/ekopravda/photos/?tab=album&album_id=134504814622540&__tn__=-UC-R

Регион

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш

Avatar

Published

на

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, биле констатирани при спроведената акција на СВР Струмица во текот на вчерашниот ден.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе