Connect with us

Регион

Ниту една од десетте општини од Југоисточниот регион не е високо транспарентна според податоците од истражувањето на Здружението „Еко Правда“

Марија | Media Press

Објавено

N

Според резултатите од истражување на транспарентноста во јавните набавки на општините од Југоистокот за 2018 година, ниту една од десетте општини од Југоисточниот регион не е високо транспарентна во информирање на јавноста околу јавните набавки. Четири општини се рангирани  на солидно ниво на транспарентност, четири општини се со ограничено ниво на транспарентност, додека пак две општини се минимално транспарентни.

Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Здружението Еко Правда, во рамките на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки”, што го спроведуваат „Центарот за граѓански комуникации“ и „Фондација Фокус“.

Според ова истражување  Општина Дојран е на врвот на ранг листата според транспарентноста на локалните власти во Југоисточниот регион со 39 поени односно, 63% од максималните можни поени.

. Второто, третото и четвртото место ги поделија три општини, односно Општина Богданци, Општина Радовиш и Општина Гевгелија со 61% од максималните поени. Општини со ограничено ниво на транспарентност се Општина Василево со 58% од вкупниот број на поени, потоа Општина Валандово и  Општина Конче со 56% и Општина Босилово со 52% од вкупниот број на поени. Последните две места припаѓаат на Општина Струмица и Општина Ново Село. Вкупно 30 поени доби Општина Струмица, што е 48% од вкупниот број на поени, додека пак Општина Ново Село е најслаборангираната општина со 26 поени, односно 42% од вкупниот број на поени.

Десетте општини од Југоистокот во 2018 година заедно потошиле 10.7 милиони евра пеку спроведени 348 тендери и склучени 426 договори за јавни набавки.

По одделни критериуми анализите покажуваат дека, само една општина на својата веб страна го објавувила годишниот план за јавни набавки за 2018 година, дури седум општини имаат ниска реализација на истиот и ниту една општина нема воспоставено систем за следење на реализацијата на планот за јавни набавки.

На сите општини им недостасуваат податоци на нивните веб страници околу објавување огласи за јавни набавки и објавување на известувањата за склучени договори за јавни набавки и евентуални анекси.

Кај две општини се забележани тендерски документации кои со дискриминаторски елементи можат да ја ограничат конкуренцијата.

Истражувањето е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата Фокус. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Здружението Еко Правда Валандово, на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Извор: https://www.facebook.com/pg/ekopravda/photos/?tab=album&album_id=134504814622540&__tn__=-UC-R

Регион

Петнаесетта редовна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Виолета | Media Press

Објавено

N

Во Општина  Валандово, вчера беше  одржана петнаесеттата редовна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седниците на Југоисточниот плански регион присуствуваа градоначалниците на десетте општини, членки на регионот при што  беа донесени  одлуки од регионално значење.

Најпрво беше донесена Одлука за усвојување на Финансиски план за работа ЦРЈПР за 2020 година;
Потоа следуваше донесување на Одлука за усвојување на Акциониот план за 2020 година, за спроведување на Програмата за рамномерен регионален развој на ЈПР;
Донесување на Одлука за преостапување на објект по проект “Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање на езерска плажа во Дојран”;
Презентација на Студијата за справување со кучињата скитници во општините од ЈПР, од страна на “УМФ тренинг”;
6. Презентирање на проект поддржан од УНДП – Повеќенаменски стационар (самоодржливо решение на стационари за кучиња), од страна на “Мама Органа”; и на крајот под точка разно градоначалниците дискутираа на повеќе теми.

Прочитај повеќе

Регион

Лишен од слобода струмичанец кој превезувал 19 мигранти

Виолета | Media Press

Објавено

N

На 05.12.2019 околу 06.40 часот на магистралниот пат Штип – Велес, кај место викано „Три чешми“, штипско, полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. од Струмица поради тоа што во товарно возило „нисан“ превезувал 19 лица мигранти од Авганистан и Пакистан.

Претходно, В.Г. не застанал на знак за запирање од полициските службеници и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и В.Г. бил лишен од слобода.  По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Регион

Одржана модната ревија „Убави сме, свои сме“ во Струмица

Виолета | Media Press

Објавено

N

Општина Струмица со подршка на модната ревија во која учествуваа лицата со Даунов синдром. Градоначалникот Коста Јаневски и секретарот Александар Оџаков со своето учество ја поддржаа модната ревија „Убави сме, свои сме“ којашто во организација на Здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“ се одржа во хотелот Сириус.

Во своето поздравно обраќање, градоначалникот Јаневски порача хуманоста и човечноста да се докажуваат секојдневно, а не само на вакви настани.

Во модната ревија „Убави сме, свои сме“ учествуваше и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов кој даде силна подршка на лицата со Даунов синдром.

Прочитај повеќе