Во рамките на проектот за
Примена на екосистемски базирани решенија, за намалување на ризикот од
катастрофи во Општина Радовиш, кој се реализира со подршка на Јапонската Агенција за
меѓународна соработка „Џајка“, се спроведе регионален семинар со учесници од
земјите од регионот, во кој беше предвидено и посета на теренот каде се
спроведува проектот за заштита од поплави во Радовиш.
Околу 50 тина припадници на надлежните
институции од земјите од регионот, од Јапонската агенција Џајка, од
Центарот за управување со кризи и
од Општина Радовиш, извршија увид во работните активности кои се изведуваат на околу
1,5 километар одалеченост од селото
Коџалија. Стрмен предел со голи падини без шуми, од каде водите се сливаат во Радовишка река, при што се поплавуват
улиците во градот.
Експертот од Јапонската агенција за меѓународна
соработка и тим лидер на проектот, рече дека се опфатени три пилот локации во Македонија,
од кои едната е во Радовиш. Во
рамките на прокетот е предвидено и пошумување на голите предели.
Вкупно за трите
пилот локации во Македонија Јапонската агенција ќе вложи 2 милиони долари.
Според Центарот за управување со кризи ова е едно добро искуство и за државите
од регионот, кои имаат интерес за соработка со Џајка.
Проектот „Градење капацитети за екосистемски базирани мерки за намалување на ризикот од катастрофи“ (Еко – ДРР) го спроведува Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) во соработка со ДЗС, ЈП „Национални шуми“ и Општина Радовиш.
Со реализацијата на проектот се очекува да се намалат
ризиците од катстрофи во Радовиш, пред се од поројни дождови и поплави со што
долгорочно ќе се реши проблемот околу поплавувањето на градот.