Connect with us

Радовиш

Посета на теренот каде се спроведува проектот за заштита од поплави во Општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Во рамките на проектот за Примена на екосистемски базирани решенија, за намалување на ризикот од катастрофи во Општина Радовиш, кој се реализира  со подршка на Јапонската Агенција за меѓународна соработка „Џајка“, се спроведе регионален семинар со учесници од земјите од регионот, во кој беше предвидено и посета на теренот каде се спроведува проектот за заштита од поплави во Радовиш.

 Околу 50 тина припадници на надлежните институции од земјите од регионот, од Јапонската агенција Џајка, од Центарот за управување со кризи и од Општина Радовиш, извршија увид во работните активности кои се изведуваат на околу 1,5 километар  одалеченост од селото Коџалија. Стрмен предел со голи падини без шуми,  од каде водите се сливаат  во Радовишка река, при што се поплавуват улиците во градот.

 Експертот од Јапонската агенција за меѓународна соработка и тим лидер на  проектот,  рече дека се опфатени три пилот локации во Македонија, од кои едната е во Радовиш. Во рамките на прокетот е предвидено и пошумување на голите предели.

 Вкупно за трите пилот локации во Македонија Јапонската агенција ќе вложи 2 милиони долари. Според Центарот за управување со кризи ова е едно добро искуство и за државите од регионот, кои имаат интерес за соработка со Џајка.

Проектот „Градење капацитети за екосистемски базирани мерки за намалување на ризикот од катастрофи“ (Еко – ДРР) го спроведува Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) во соработка со ДЗС, ЈП „Национални шуми“ и Општина Радовиш.

Со реализацијата на проектот се очекува да се намалат ризиците од катстрофи во Радовиш, пред се од поројни дождови и поплави со што долгорочно ќе се реши проблемот околу поплавувањето на градот.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе