Categories: Радовиш

Градоначалникот Конзулов на седница на Совет, спомна дел од капиталните проекти кои се реалзираат во овој период

Советот на Општина Радовиш ја одржа 35-та  работна седница, на која според предвидениот дневен ред, беа предвидени триесетина точки за расправа, со надополнување со уште неколку точки предложени процедурално од советниците. Една точка, Предлог -одлука со која во идна планска документација за КО Коџалија, ќе се изврши вклопување во плански опфат на бесправно изградени објекти вон градежен реон, беше предложена од градоначалникот Герасим Конзулов.

Советникот Бојан Митевски процедурално се јави за дискусија во која  направи кратко резиме на локалното  владеењето на СДСМ по двегодишното работење. Тој спомна некопку проекти кои биле спомнати во програмата а на биле реализирани.

Како одговор на процедуралната забелешка на советникот Бојан Митевски, градоначалникот Герасим Конзулов,  спомна неколку капитални проекти кои се релзираат во овој период, како изградба на резервоар за вода, улици во Калаузлија и во други населени места, енергетска ефикасност на училиштетото во Ињево, изработката на проектот за гасификација кој е при крај и други проекти.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago