Categories: Македонија

Втор инвестициски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над три хектари

Со овој оглас на располагање за давање под закуп се 1.453 хектари во 15 Општини меѓу кои и Струмица и Гевгелија.  

Земјоделското земјиште предмет на огласот во зависност од видот на земјоделската култура која ќе се одгледува, ќе се доделува во времетраење од: 15, 30 и 70 години.

-30 години за подигање на долгогодишни насади (лозја и овоштарници) и оранжерии за период,

– до 70 години за подигање на долгогодишни насади со лешник за период,

– до 15 години за одгледување на други земјоделски култури за период и

-За рибници до 20 години.

Она по што се разликува овој оглас од останатите, е што се работи за оглас кој што освен за подигање на насади, е наменет и за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.

 Поточно, освен за примарно производство, заинтересираните треба да понудат и бизнис план за инвестиции во преработувачки капацитети. Рокот за доставување на потребната документација до министерството е 40 дена, сметајќи од денеска. Огласот ќе се спроведе во транспарентна постапка по пат на електронско јавно наддавање, а имаат право да конкурираат сите домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Посебен  акцент се дава на можноста на апликација за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост на физичките лица на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 година, при што обврската за плаќање на закупнината настапува три години по влегувањето на сила на договорот за закуп.

-Со ваквиот тип на огласи го заокружуваме синџирот помеѓу примарното и финалното земјоделско производство и креираме услови за конкурентни производи со повисока додадена вредност.Овие огласи се важни за раздвижување на пазарот во општините, за обезбедување на сигурен пласман, решавање на проблемот со вишокот на земјоделски производи, за задржување на младите во руралните средини каде што ќе се градат вакви капацитети.

Како ресорно министерство, изминатиов период интензивно работевме на расчистување на земјоделското земјиште, спроведовме сериозни реформи во земјишната политика, со единствена цел – да го вративме земјоделското земјиште кај вистинските земјоделци и да го ставиме во функција обработливото земјоделско земјиште. Во насока правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп, направивме измени на Законот за земјиште, коишто веќе се стапени на сила, истакна министерот Трајан Димковски на прес конференција.

Со првиот ваков оглас во март годинава се  потпишаа 17 договори со вкупна површина од 1.240 хектари. Вкупната инвестиција на сите овие договори е 11 милиони евра кои ќе се вложуваат во следните пет години во изградба на винарници, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago