Categories: Македонија

Разбиена криминална група од Струмица која се занимавала со продажба на наркотичка дрога хероин

Одделот за криминалистичка полиција во координирана акција со СВР Струмица, СВР Штип, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, разби криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“.

Организатор на криминалната група било лицето В.С. (45) од Струмица, лице со криминално минато, осудуван за тешки кривични дела, како и за недозволена трговија со дрога. Тој организирал набавка на наркотична дрога „хероин“ во количини од половина килограм, која потоа ја препакувал во помали паковки (од еден до пет грама) и ја продавал по цена од 1.300 и 1.500 денари за еден грам на уживатели и дилери од Струмица и Штип.

Во продажбата на дрогата бил инволвиран и Т.К. (49) од с.Добрејци- Струмица, кој по добиени насоки од организаторот, „хероинот“ го продавал од неговиот дом во с.Добрејци на уживатели и дилери.

Во почетокот на октомври 2019 година, во Штип, од страна на полициски службеници е лишен од слобода В.М (33) од Штип, кај кого при личен претрес пронајдена е наркотична дрога „хероин“, која ја купил од В.С. од Струмица, поради што СВР Штип против В.М. поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ .

На 25 и 26.10.2019 година во Струмица лишени од слобода се шест лица од Струмица за кои во истрагата е утврдено дека купувале наркотична дрога „хероин“ од В.С и Т.К.. При претреси на седум локации во Струмица кај пет лица, меѓу кои и станот кој го користел В.С. во Струмица, пронајдени се околу половина килограм наркотична дрога „хероин“, спакувана во неколку кеси и смеса за мешање, 45.000 денари, 325евра, а запленети се двепатнички возила, кои биле користени за продажба на хероин.

По завршување на истрагата, СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С. и Т.К.за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против П.С. (42) од Струмица, за сторено кривично дело „помагање“ во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на судија на претходна постапка на В.С и Т.К одреден им е притвор во траење од 30 дена, информира Министерството за внатрешни работи.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago