Categories: Радовиш

Музички хепенинг на ФА Китка од Ораовица во планинското село Смиљанци

Фолклорниот ансамбал „Китка“  од Ораовица, ќе организира музички хепенинг во планинското село Смиљанци, сместено во пазувите на Плачковица, Општина Радовиш. Целта е заживување на селата кои се веќе иселени, но со интенција граѓаните почесто да ги посетуваат и  да се претворат во туристичка дестинација. 

 Раководителот на Китка, Димче Петров ги поканува граѓаните на 3-ти ноември во недела, да го посетат селото Смиљанци и да уживаат во прекрасната природа и прекрасниот настап на фолклористите. Овој настан има и хуманитарен карактер, со цел да се донираат средства за изградба на црковниот храм во Смиљанци.

Фолклорниот ансамбал Китка заедно со други фолклорни друштва од Радовиш, Штип и Струмица, ќе организира  настап и во Горни и Долни Липовиќ, Општина Конче, со цел помасовно собирање на граѓаните од овие населени места кои исто така имат тенденција на иселување.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago