Connect with us

Македонија

Лидерите постигнаа консензус за избори на 12-ти април, 2020 година

Avatar

Published

на

Премиерот Зоран Заев веднаш по лидерската средба, којашто се одржа во резиденцијата на претседателот на државата Стево Пендаровски, во својата изјава за медиумите вели: Постигнавме консензус за избори на 12-ти април, верувам дека граѓаните мудро ќе донесат одлука за трасирање на патот по којшто ние политичарите ќе ја водиме нашата земја и народ.

Интегриран текст од целата изјава и линк до видео.

„ Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани,

Прво да ја поздравиме иницијативата на Претседателот на државата. Свикана беше со единствена точка и со право ние да дополниме точки, единствена точка за која беше свикана и после беше прва точка на дневен ред, е дискусија околу лидерството на државата во функција на нашата иднина по разочарувањето или историската грешка којашто пристигна од Брисел.

Утврдивме едногласен став евроатлантските       интеграции се конечна наша цел, остануваме сите посветени на евроатлантските интеграции, не прифаќаме никаков вид на замена за евроатлантските интеграции заради тоа што граѓаните тоа што го очекуваат од нас европските вредности да ги донесеме овде, да ги  живееме сите и остануваат како аспирации да го разубедиме Брисел дека процесот на проширување може да претрпи одредени модификации во делот на она што беше дискутирано како методологија на пристапните преговори или слично.

Но, ние очекуваме полноправно членство во Европската Унија односно веќе на следната можност, кога ќе се собере Европскиот совет да донесе одлука секако за  добивање на почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија. Ја поздравувам  одлуката и треба граѓаните да знаат   дека остануваме на патот којшто носи демократија, којшто носи повеќе вредности, којшто носи европски вредности, владеење на правото, севкупни човекови слободи и права, односно да бидеме исти со правата, животот којшто го живеат граѓаните од земјите-членки на Европската Унија.

Втората точка, која што се наметна од сите присутни     беше да се разговара за определување на датум за предвремени парламентарни избори. Имавме дискусија сите, имав чест како Премиер, којшто повика на брзи Парламентарни избори да го дадам предлогот.  Нашиот предлог беше 22 или 29 декември да одиме веднаш на избори, заради тоа што на тој начин брзо, во еден период кога не се случува нешто драматично, би можеле да го завршиме избирачкиот процес. Народот да си ја каже својата определба, по кој пат се движи државата, а притоа да очекуваме Шпанија во декември или јануари да направи Ратификација на Протоколот од НАТО, а ние да имаме веќе функционален Парламент, којшто на крајот откако ќе ратификуваат сите 29 земји-членки останува нашиот Парламент да го ратификува Протоколот од НАТО, да го депонираме во Вашингтон и со тоа Република Северна Македонија станува членка на НАТО.

Имаше реакции од присутните. Најголемата опозициска партија коментираше дека во таков случај нема 100 дена Влада, дека би требало да се разгледаат и други опции и потоа ги разгледавме опциите март 22-ри, 29-ти март, 12-ти април, 19-ти април и понатаму во април. Утврдивме дека 12-ти април е важен, заради тоа што на пример, православен Велигден е на 19-ти април, тогаш почнуваат и постите за нашите сограѓани од муслиманска вероисповед. Би требало пред празниците големи, во којшто најголем дел од нашето население ги празнува, дали се Христијаните православни, или граѓаните од муслиманска вероисповед утврдивме дека 12-ти април е датумот кога ќе се одржат изборите.

Тоа значи, постигнавме консензус, сите сме согласни, на 12-ти април, нека им е со среќа на сите граѓани, нека е со среќа на нашата земја, верувам дека на 12-ти април граѓаните мудро ќе донесат одлука, на којашто одлука ќе го трасираат патот по којшто ние политичарите, којшто ќе добиеме поддршка од граѓаните ќе ја водиме нашата земја и нашиот народ“.

Линк до видео од изјавата на ПВРСМ Заев: https://youtu.be/KmZsQfX0CXc

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе

Македонија

Ангелов: Поранешен командант на УЧК, а сега премиер на Влада има право да разрешува функционери, но конечната одлука ја носи Владата

Avatar

Published

на

Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене, непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е легитимен претседател на македонската Влада, вели диреторот на ЦУК Стојанче Ангелов на Фејсбук по најавите на техничкиот премиер Талат Џафери дека ќе го разреши ако ја напушти коалицијата.

„Како Премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, подршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување.

Свесен за комплексноста на мојата професионална и политичка позиција јас благовремено го известив најпрво генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ а потоа и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Двајцата се изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за напуштање на владината коалиција.

Нивниот коректен став го објавив јавно пред неколку дена на прес конференцијата на која ја известивме јавноста дека излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Оттука сметам дека мојата средба со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација, барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, Достоинство јавно објави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш бил, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука“, стои во фб објавата на Стојанче Ангелов.

Прочитај повеќе