Connect with us

Македонија

Вакцинацијата против грип ќе почне идниот месец односно од ноември

Media Press

Објавено на

Во тек е јавна набавка за вакцини за грип, преку која Министерството за здравство, за годинава ќе обезбеди 28.000 дози вакцини против сезонски грип.

Си истите бесплатно ќе може да се вакцинираат пензионерите, хронично болните, трудниците и децата со намален имунитет. Дополнително преку центрите за јавно здравје ќе бидат обезбедени 21.000 комерцијални вакцини за кои граѓаните ќе плаќаат.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека уште 10.000 вакцини преку донација ќе има за имунизација на здравствените работници во државава.
Во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот се наведува дека 13 нови случаи на грип се регистрирани изминатата недела (од 7 октомври до 13 октомври), што е зголемување во однос на неделата пред неа кога беа регистрирани четири случаи.

Во сезоната 2019/2020 вкупниот број заболени од грип изнесува 17, што е за 10,5 отсто помалку споредено со истиот период минатата година кога биле регистрирани 19 заболени лица. Најголем број заболени – седум се регистрирани во Центарот за јавно здравје Тетово, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Вакцинацијата е една од најважните превентивни мерки за заштита на здравјето на луѓето. Вакцината против сезонски грип создава имунитет по 14 дена од вакцинација, кој трае околу осум до десет месеци. Согласно препораките на Светската здравствена организација и Програмата за имунизација за годинава, во категоријата ризични групи се опфатени бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до пет години, лица над 65-годишна возраст, лица со хронични заболувања, како и лица сместени во геронтолошки центри и вработени во овие центри и здравствени работници, информираат од Министерството за здравство. Вообичаено  во земјава вирусот да го земе својот замав се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари. 

Минатата сезона во државава од заболените околу  20.000 граѓани, 29 починаа од компликации од вирусот.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе