Categories: Радовиш

Ликовната колонија „Караманов“ се одржа на планината Плачковица

Во рамките на манифестација,,Самун ем татлија,, како и програмата по повод „1000 години Радовиш“ беше организирана и  Ликовната колонија „Караманов“ која се одржа на Планината Плачковица.

На оваа меѓународна колонија која се одржува по втор пат во организација на ДЛУ „Рада“ од Радовиш и центарот за култура „Ацо Караманов“ учествуваа 14 ликовни уметници од Македонија, и Србија.

Гостите и делгациите кои беа присутни на манифестацијата „Самун ем Татлија“ вчера имаа можност да ја посетат и да ги погледнат уметничките дела кои ги изработија учесниците на колонијата „Караманов 2019“

На крајот на сите уметниците, учесници на колонијата им беа доделени  благодарници и пригодни подароци. Истите ги доделија претседателот на ДЛУ  „Рада“ од Радовиш Душан Коцев,  директорката на ЦК „Ацо Караманов“ Изабела Ангелова и претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракциев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago