Categories: Радовиш

Првични проценки: изедени над 40000 самуни, на 7-то издание на “Самун ем татлија”

И оваа година општина Радовиш во деновите од 11-ти до 13-ти Октомври беше домаќин на традиционалната „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ која како дел од големиот јубилеј „1000 години Радовиш“, помина во одличен ред.

Програмата започна во Петокот од 18:00 час. со настапот на Виктори Бенд, по што следуваше и моментот на свеченото отварање. Како генерален покровител, манифестацијата за отворена ја прогласи Градоначалникот на општина Радовиш, Г-дин Герасим Конзулов кој на сите граѓани им посака пријатни и весели моменти уживајќи во тридневната програма.

Концертниот дел продолжи со прекрасниот настап на Троја во проширен состав со Ратко Даутовски и Петре Јованов изведувајќи ги најпознатите рефрени на групата Сантана а потоа следуваа и одличните концерти на Дани Димитровска и на нашиот македонски бисер Влатко Лозановски – Лозано со кои се забавуваа повеќе од 8,000 посетители од нашата и останатите општини. Првата вечер со свој одличен настап ја затвори популарниот Слаткаристика.

Вториот ден од овогодишната манифестација започна со фолклорна програма од 12:00 час. Нашата традиција и мелос на сцената го прикажаа фолклорните ансамбли: „Подарешани“, „Китка“ и „Бучим“. Веднаш потоа следуваше настапот на Фолклорниот ансамбл „Масука“ од Велика Плана како и презентации на економско-угостителското училиште и на традиционална храна од нивниот крај.

Вечерната програма започна со концертот на големиот талент Антонија Гиговска а потоа следуваше и екслузивниот настап на големата хрватска музичка ѕвезда Јелена Розга, со која во ист глас пееше и повеќе од 10,000-та публика присутна на самиот концерт. После Јелена, на сцената се појави српската атракција Дејан Петровиќ Биг Бенд кои со својата енергија на сцената, не оставија рамнодушен ниту еден посетител и оставија вистински позитивен белег од концертно-програмскиот дел на „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“.

Седмото издание на манифестацијата го посетија повеќе од 30.000 граѓани за време на трите фестивалски дена. Според првичните проценки се изедени повеќе од 40.000 самуни.

Прекрасното време во Недела беше само една од причините, Радовиш да биде посетен од повеќе од 10,000 домашни и странски туристи. Главната причина беа секако прекрасните самуни и татлии кои беа изложени на вкупно 17 штанда и прекрасната културно-забавна прорама која започна со настапот на Фолклорниот ансамбл „Ацо Караманов“. Веднаш потоа следуваше настапот на Етно составот „Вез“ кои го разубавија прекрасното неделно пладне. Во попладневниот музички дел, прорамата ја отворија радовишките бисери „Распеани Радовишани“ а по нив следуваше настапот на Ангел и Орце кои сериозно ја загреаја атмосферата за вечерните концерти.

Веднаш по нив на сцената се појави музичкиот состав Јупитер предводени од прекрасните гласови на Горан и Ленче Кукич кои приредија вистинско изненадување настапувајќи заедно со ѕвездите од музичкото шоу „Никад није касно“ а изведувајќи нивни и мелодии од Екс-ју просторите. Овогодишниот програмско-концертен дел го затвори позната грандова ѕвезда Мирза Селимовиќ кој ја држеше публиката на нозе се до полноќ, притоа предизвикувајќи вистинска еуфорија низ огромната посетеност на оваа вечер.

На крај, овогодишната прекрасна „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ беше затворена со велелепен огномет како и со прекрасни пораки за соживот, здравје и благосостојба но и огромна благодарност упатена од страна на Градоначалникот Герасим Конзулов до сите чинители на самата манифестација а особено до организаторот, Центарот за култура „Ацо Караманов“.

Во склоп на манифестацијата, нашата општина беше почестена со присуство на гости од пет збратимени и пријателски општини и тоа: Белишче и Бизовац од Република Хрватска, Ергене и Ташкопру од Република Турција и Велика Плана од Република Србија, како и со присуството на нашата примадона Милка Ефтимова кои на 12.10 – Сабота имаа прием во општина Радовиш а на 13.10 – Недела сите заедно ја посетија меѓународната ликовна колонија „Караманов“ која се одржа на планината Плачковица.
Гостите понесоа прекрасни импресии и одличен импулс за понатамошна соработка со општина Радовиш.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago