Categories: Радовиш

Граѓаните позитивно ја оценуваат манифестацијата „Самун ем татлија“ -2019, покажува спроведената јавна анкета на Телевизија Кобра

Регионална Телевизија Кобра од Радовиш, како медиум кој во интерес на граѓаните има за цел транспарентно и навремено информирање за сите случувања и настани,  континуирано ги следеше сите содржини кои беа предвидени  во текот на тридневната манифестација „Самун ем татлија“ – 2019 во Радовиш, која се одржа викендот. Од отварањето па се до затварањето на истата, како и богатата музичка програма и другите пропратни настани.

Со цел да се слушне и мислењето на граѓаните околу самата манифестација, како ја оценуваат,  Телевизија Кобра на својата https://www.facebook.com/RTVKobra/ страна  која содржи над 30 илјади посетители, спроведе дводневна јавна анкета, и им овозможи на сите граѓаните да го кажат своето мислење.

Според спроведената анкета, најголем дел од граѓаните ја оценија манифестацијата „Самун ем татлија“  позитивно, како за самата содржина така и за локацијата.

Од вкупно анкетираните 71% ја оценија со „Да“ и со коментари -„Да најдобра, прекрасна“,со што на организаторите им се дава признание, но и обврска наредната година, манифестацијата да биде уште подобра. И 29% гласаа со „Не“ но притоа немаа конкретни забелешки и предлози во кој дел може да се подобри.

Сепак крајниот исход од самата манифестација  е над 30 000 посетители и продадени над 40 000 самуни а Телевизија Кобра го даде својот придонес за поголема посетеност на манифестацијата. „Самун ем Татлија“ -2019 беше под покровителсто на Општина Радовиш а во организација на Центар за култура Ацо Караманов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago