Радовиш
Викендов во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „Самун ем татлија“
Објавено на
Од
Media PressМанифестацијата ќе се одржи на истата локација како и лани, на паркин Орел кај автобуската станица во Радовиш. Се прават последните подготовки за стартување на истата од утре.
Тридневната Манифестација „Самун ем татлија“ која годинава се одржува по седми пат, е под покровителство на општина Радовиш, а во рамките на програмата „1000 години Радовиш“. Самата органзација, со одлука на Совет, е доверена на центарот за култура Ацо Караманов.
Три дена Радовишани и гостите кои се очекуваат од земајва и странство ќе уживаат во прекрасните специјалитети сомунот и татлијата и во богатата музичка програма. Свеченото отварање на Манифестацијата ќе ја изврши градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов , во петок на 11-ти октомври во 19;00 часот .
Радовишани и гостите ќе имаат можност да
уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини. Првиот ден ќе се дружат со TroYa со Сантана проект, Dani Dimitrovska,Slatkaristika и Lozano – Vlatko Lozanoski.
Во САБОТА, 12 ОКТОМВРИ
ќе настапат Антониа Гиговска, Jelena Rozga
Dejan Petrovic Big Band.
Во НЕДЕЛА, последниот ден од
манифестацијата гостите ќе уживаат во прекрасната
музика на Горан и Ленче Кукиќ со група Јупитер и за крај
Mirza Selimovic
-Уште еднаш сите заедно да докажеме дека нашите
два бренда-самунот и татлијата, и нашата топла гостопримливост се можност да
привлечеме уште повеќе гости и заедно да бидеме горди на нашиот голем јубилеј –
1000 ГОДИНИ РАДОВИШ порача градоначалникот Герасим Конзулов.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација

Јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2026
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

