Connect with us

Македонија

Радовишанец со два златни медали на државен натпревар во бодибилдинг

Media Press

Објавено на

Радовишанецот Александар Јерамазов освои два златни медали на државниот натпревар во бодибилдинг “Атлета на Македонија 2019”, во категориите “Физик Јуниори” до 23год. и “Физик Мажи” со висина над 178см.

Дваесетгодишниот Радовишанец веќе има освоено еден златен медал во категоријата “Физик јуниори”, изминатата 2018-та, на истиот натпревар. Годинава освен што успеа да го повтори минатогодишниот успех, повторно да се здобие со златен медал во истата категорија, тој успеа да се здобие со уште еден златен медал во категоријата “Физик мажи”.

-“Бодибилдингот ми го промени животот и можам гордо да изјавам дека тоа што почнав да тренирам беше најдобрата одлука што сум ја направил до сега. Ми го изгради карактерот, цел идентитет ми е базиран на тоа.” – изјави Александар.

“Сакам да бидам за сите пример дека со желба, труд и дисциплина можете каде сакате да стигнете во животот. Ова година успеав да го повторам минатогодишниот успех како шампион во Физик Јуниори но исто така и да добијам златен медал во Физик Мажи. Ме чекат нови такмичања во блиска иднина и сум спремен да направам се што треба да бидам најдобрата верзија од себе, од пеколните режими на исхрана до бруталните тренинзи.” -додаде.

Александар активно се занимава со овој спорт од својата 16-та година. Две години по ред излегува на бина и веќе има освоено три златни медали. “Најголема заслуга за целиот мој успех ја има мојот тренер Борче Дамбов и сме спремни да достигнеме уште поголеми успеси” – рече Александар.

Инаку “Атлета на Македонија 2019” се одржа на 4 Октомври во спортска сала “Расадник”, во Скопје. На натпреварот учествуваа над 50 натпреварувачи од целата држава.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе