Македонија
На граничниот премин Богородица, запленети се околу 45 килограми марихуана
Објавено на
Од
Media PressИмено, како што информираат од МВР, на 6 октомври 2019 година, околу 11:00 часот, на излез од државата на граничниот премин Богородица, се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од А. М.(44) државјанин на Република Албанија, во кое како сопатник патувал и неговиот осумнаесет годишен син. По пристигање на граничниот премин, возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детална контрола,при што под седиштата од возилото се пронајдени три специјално изработени простори за криење на стока- бункери, во кои се пронајдени 45 пакувања завиткани со ПВЦ фолија наполнети со марихуана со тежина од околу 45 килограми.
Осомничениот изјавил дека дрогата ја набавил во Албанија, а нејзината вредност на турскиот нарко пазар би достигнала од 140.000 до 180.000 евра.
Осомничените се лишени од слобода и истите ќе бидат предадени во Основниот суд Велес, а Царинската управа на Република Северна Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, заради постоење на основано сомнение дека сториле по едно кривично дело, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Поврзани содржини

Од понеделник протес на товарниот сообраќај на граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица…

Претрес во Радовиш, пронајдена е марихуана, лишено од слобода е едно лице

Лишени од слобода две лица од радовишко

Засадена марихуана покрај тутун, претрес во валандовско приведено едно лице

Претреси во радовишко, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода две лица

Зголемен број на возила на македонско-грчката граница, во функција се сите човечки и технички капацитети

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

