Радовиш
Радовиш беше домаќин на 24-те Републички пензионерски спортски натпревари

Published
3 months agoon
Истите се одржаа по повод 20 септември Денот на пензионерите на Македонија. На игрите присуствуваа вкупно 846 пензионери, додека учество зедоа 504 натпреварувачи во 11 дисциплини од 47 здруженија на пензионерски членови на СЗП на Македонија. На Спортските натпревари беа присутни и Станка Трајкова, претседател на Сојузот на пензионери на Македонија, Земник министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, извршниот директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов и други гости. На почетокот присутните пензионери ги поздрави претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова.
Земник министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар спомна дека Министерството во континуитет се залага за подобровање на стандардот на пензионерите.
Добредојде на пензионерите има посака и градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, како и градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев. Двајцата градоначалници им посакаа успешни спортски натпревари.
Републичките пензионерски спортски натпревари ги отвори претседателто на Здружението на пензионери од Радовиш и Конче, Мите Стефанов.
Спортските натпревари се одржаа во 11 дисциплини, како трчање, теглење на јаже, кошарка, стрелање, фрлање гуле, шах, домино и други, на кои учествувва околу 500 пензионери од 47 здруженија на пензионери, членки на Сојузот на пензионери на Македонија
Поврзани содржини
Работилница за јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти, се одржа во Радовиш
Меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери, машки и девојки ќе се одржи утре во Радовиш
Одобрени се средства за изградба на локален пат Дамјан-Погулево и расчистување на дивите депонии во општина Радовиш
„Згрижените се надвор од животна опасност, информира Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со несреќата која се случи во Србија
Јавна дебата на тема „Родова нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во локалната заедница“
„Библиотека на годината“ за 2019 година, Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш
Радовиш
Работилница за јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти, се одржа во Радовиш

Published
3 days agoon
December 13, 2019
Денеска во просториите на општина Радовиш се одржа втората работилница наменета за членови на: Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Координатор за еднакви можности и вработени во општинската администрација.
Целта на работилницата е јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти во главните политики во процесот на планирање и буџетирање која е дел од проектот Активни жени подобри општини.
Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.
Главната цел на проектот е да се промовира поволно опкружување на заедницата прифатливо за жените и вклучување на родовите прашања во процесот на планирање на локалните власти преку локален дијалог со женски невладини организации, институции и жени на локално ниво.
Денешната работилница беше во насока на Конципирање на нацрт Годишен план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Радовиш за 2020 година, информира Општина Радовиш.
Радовиш
Меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери, машки и девојки ќе се одржи утре во Радовиш

Published
3 days agoon
December 13, 2019
Боречкиот клуб Бучим од Радовиш утре ќе го одржи традиционалниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери, машки и девојки. На турнирот се очекува да земат учество освен екипи од Македонија и екипи од Бугарија, Грција, Србија и Косово.
Вкупно се очекува да учествуваат околу 160 дечиња.
Исто така се очекува да присуствуваат и поканетите гости подржувачи на Боречкиот клуб Бучим, како претставници од Општина Радовиш со градоначалникот Герасим Конзулов, Заемник генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов, сопственикот на Адора Инженеринг проф. д-р Ванчо Чифлиганец и други гости.
Турнирот ќе се одржи утре 14 декември (сабота) со почеток во 11 часот, во Спортската сала во Радовиш.
Радовиш
Одобрени се средства за изградба на локален пат Дамјан-Погулево и расчистување на дивите депонии во општина Радовиш

Published
5 days agoon
December 11, 2019
Со одлука на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на одржаната XIV седница (06.12.2019), на Општина Радовиш и се доделуваат 8 милиони денари за изградба на локален пат од село Дамјан до село Погулево.
Патот ќе биде во должина од 1927,7м. Исто така за чистење на дивите депонии се одобрени 1.850.000 денари, со што ќе бидат исчистени сите диви депонии во општината, вели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов..
Средствата се одобрени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а одлуката беше подржана од сите градоначалници.

Пет лица од с.Муртино и с.Банско лишени од слобода, поради криумчарење мигранти

Работилница за јакнење на капацитетот на локалните власти за вклучување на родовите аспекти, се одржа во Радовиш

Меѓународен турнир во борење слободен стил за кадети и пионери, машки и девојки ќе се одржи утре во Радовиш

Претседателот Пендаровски на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата
