Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш изврши дератизација против глувци

Avatar

Published

на

 Согласно законот општина Радовиш секоја година врши дератизација против глувци, како превентивна мерка за спречување на нивно намножување. Денеска се изврши дератизација на територијата на Општина Радовиш согласно законските прописи и договорот со овластена фирма.

Деаратизацијата ја вршеја овластени лица од службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација,  Лиса Ком од Кавадарци, кои го објаснија самиот процес на дератизација, кој се реализира со помош на вработени од ЈП Плаваја.

Дератизација е постапка која се спроведува со цел уништување на глувци и други глодари, како пренесувачи и предизвикувачи на одредени заразни болести. Во потрага по храна, глувците движејќи се по водоводните цевки,  предизвикуват нивно оштетување, како и оштетување на електрични е телекуминикациски кабли, намештај, амбалажа  и притоа предизвикувајќи голема материјална штета. Од тие причини, обврска на општините е секоја година да спроведуват превентивна акција, со цел  одржување на глувците на биолошкиот минимум, имајки во предвид дека една женка годишно донесува на свет, од 8-20 мали глувчиња кои брзо растат.

Превентивни мерки можат да спроведуват и самите граѓани во секојдневното живеење;   контрола на хигиенските услови и редовно фрлање на ѓубрето и друг вид на отпад, чување на храната во затворени садови одделени од под и од sид, градење на објекти од цврст материјал, поставување на заштитни мрежи и капаци на канализационите и вентилационите влезови и одржување на хигиената во стамбените и деловни објекти.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе