Connect with us

Економија

Со ребалансот повисоки плати во приватниот и јавниот сектор и поврат на ДДВ кај граѓаните

Avatar

Published

на

Со Ребалансот 2019 се обезбедува поддршка за поголеми плати во приватниот и јавниот сектор, повеќе средства за активни мерки за вработување и средства за проектот Мој ДДВ, преку кој за помалку од три месеци на граѓаните ќе им биде извршен поврат на ДДВ. Алоцирање на средства онаму каде ќе има најголема ефикасност и каде може да се постигнат поголеми економски ефекти е целта на предложениот ребаланс на буџетот, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска образлагајќи го истиот на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

– Со ребалансот се обезбедува распределбата на поголем дел од јавните приходи кај граѓаните, директно вложување во потребите и потенцијалите на луѓето и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање на нови работни места и исплати на повисоки плати во приватниот сектор и за сите работници. Притоа, поставените цели за 2019 година целосно се насочени во функција на постигнување на клучните приоритети на општеството: повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО – рече министерката Ангеловска.

          Ангеловска истакна и дека од 1 септември стапи на сила ново покачување од 5% на платите во јавната администрација, здравството, образованието, градинките, полицијата, културата, одбраната и во другите дејности во јавната администрација, кое ќе се исплати на почетокот на октомври.

Министерката за финансии посочи дека со ребалансот е направена незначителна корекција на приходната и расходната страна, а дефицитот е непроменет – односно дека измените воглавно се однесуваат на реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции.

        Ангеловска посочи дека со ребалансот се алоцираат 400 милиони денари за мерката за субвенционирање на придонесите доколку работодавецот ја зголеми платата на вработениот до 100 евра. Исто така, предвидени се дополнителни 200 милиони денари за активни мерки за вработување.

        Алоцирани се дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, како и 660 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе