Connect with us

Македонија

Јавен повик за учество во Програмата Обуки за развој на дигиталните вештини

Avatar

Published

на

1.253 невработени млади лица до 34 години е планираниот опфат на  лица за 2019 година, кои  ќе можат да се пријават на  Јавниот повик за учество во Програмата Обуки за развој на дигиталните вештини. Истиот е   објавен преку Агенцијата за вработување,  и ќе трае до исполнување на опфатот. Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од напредни ИТ вештини, (со кофинансирање).

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска рече дека годинава очекува успешна реализација на обуките и очекува што повеќе апликации во агенцијата. 

„Обуките за напредни ИТ вештини ќе се спроведуваат од страна на тренинг провајдери низ целата територија на државата, зависно од пројавениот интерес кај невработените лица. На лицата кои ќе бидат вклучени во обуките ќе им бидат издадени ваучери за посетување на обука и за полагање на испит. Притоа, кандидатите треба да се пријават за полагање на испитот во рок од 3 месеци од завршувањето на обуката.На лицата кои редовно ќе посетуваат обука ќе им биде издадено Уверение за посетувана обука, а на лицата кои успешно и ќе го положат испитот ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат“, истакна Јовановска. 

трите јавни огласи за обуки за ИТ вештини кои се дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година, ги презентираа и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

„Наша цел е да ги надградиме вештините на невработените млади лица до 34 години и тоа во област за која има реална потреба на пазарот на труд. Оваа година за првпат мерките за вработување ги правевме заедно со сите засегнати страни за тие да бидат ефикасни и да дадат видливи резултати. За обуки за ИТ вештини имаме предвидено 35.1 милиони денари, ова е неколкукратно зголемување во однос на лани, кога беа издвоени 8.5 милиони денари. Ги охрабрувам сите заинтересирани млади да се пријават и да ги усовршат своите знаења и вештини. Посебно ги охрабрувам младите жени да ја искористат оваа можност и да се стекнат со нови знаења со кои ќе обезбедат сигурни вработувања со високи примања во софтерските компании кадешто досега поголемиот дел од вработените се мажи“, истакна Царовска. 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, истакна:

“Број на трговски друштва од ИКТ сектор изнесува околу 2021, од кои 145 се основани во текот на првата половина на 2019 година.
Бројот на вработени изнесува околу 18.000 лица.  Растот на пазарот во ИКТ индустријата во изминатите 5 години е 47%, а вредноста на пазарот на ИКТ е 862 милиони евра. Владата дополнително ги стимулира ИТ компаниите со други мерки, а како една од идните мерки ќе биде намалување на 3% на данокот на добивка”, информираше министерот Манчевски.

Со обуките се нудат нови мрежни технологии и администрање на компјутерски системи, основите за дизајнирање и имплементација на ИТ инфраструктура на најкористената AWS Cloud платформа,. Изминатите неколку години оваа мерка од оперативниот план дала одлични резултати и 50 % од обучените невработени лица во моментот се вработени. 

Од вкупно 202 лица коишто биле обучени во 2016 година во моментот работат 112, а од поминатата обука на 100 лица лани, сега во работен однос се 50.

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе