Categories: Струмица

Координативен состанок со сите раководители и стручни служби во основните училишта во општина Струмица

На иницијатива на Канцеларијата на Претседателот на Владата Зоран Заев, а во организација на Одделението за образование при општина Струмица, советникот на Претседателот на Владата за образование, здравствена заштита, социјална заштита и институционален систем за лицата со попреченост, Спасе Додевски, одржа координативен состанок со сите раководители и стручни служби во основните училишта во општината.
Поводот и темата на состанокот беа специфичностите, процедурите и принципите на инклузивното образование во Македонија во рамките на новиот закон за основно образование.

Според Додевски, целта на средбата беше да ги подготви, воведе сите чинители во образовниот процес во процесот и специфичностите на идентификација, упатување на процена на функционалноста на учениците со попреченост, методите, пристапите во образовниот процес, но и вовед во предизвиците за обезбедување сервиси и соодветно прилагодување за учениците во процесот, по насоки на новиот систем за проценка на образовните, здравствените и социјални можности на овие ученици според Меѓународната Класификација на функционалноста.

Се разговараше и за новата улога на центрите за поддршка во учењето и ресурсните центри, информираат од Општина Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago