Categories: Валандово

Советот на Општина Валандово донесе Одлука за комунален ред во општината

Одлуката, ќе ги уреди правата и должностите на субјектите од општина Валандово, од областа на комуналниот ред за работите од јавен интерес.

Со Одлуката за комунален ред, ќе се уредат повеќе работи од јавен интерес, како уредување на населбите и градот, уредување, одржување и користење на парковите, залените и рекреативните површини, одржување и користење на јавните површини, отстранување на противправно оставени и поставени предмети,  условите за чување на животни и домашни миленици во дворни места на колективни и индивидуални станбени објекти.

Потоа е предвиден начинот на одржување на чистота во дворни места на колективни и станбени објекти,  начинот на одржување и чистење на одводни отворени канали, речни корита и изградба и одржување на септички јами, како и дезинсекцијата, дезинфекцијата и дератизацијата во општината.

Одлуката за комунален ред во Општина Валандово ќе стапи на сила веднаш по објавување во Службен гласник на Општина Валандово.

 Спроведливоста на одлуката ќе биде од големо значење за општината и за истата се очекува поддршка од сите граѓани. Целта е, заеднички да изградиме чиста и уредена заедница и да создадеме навики на одговорни индивидуи, за идните генерации, велат од Општина Валандово.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago