Делегација од Општина Радовиш предводена од
Градоначалникот Герасим Конзулов, беше во официјална посета на збратимена Општина
Белишче, Република Хрватска, на
чија покана освен од Радовиш беа
присутни и делегации од Словенија, Србија, Црна гора и
Хрватска. Повод за гостувањето беше поканата
за учество на традиционалната манифестација „Белишчанска златна есен“, во чии
рамки беа одржани повеќе настани, како Пекмезијада, Чобанијада, Ликовна
колонија и Настап на Културно уметнички и Фолклорни друштва од Радовиш, Целје,
Богатич, Мојковац, Колашин и Бенковац.
Во рамките на посетата Делагацијата од Општина Радовиш
предводена од Градоначалникот Конзулов, заедно со останатите делегации, беше
присуна на официјалниот прием во Општинската Зграда, каде Градоначалникот на Белишче, Динко Буриќ изјави дека ова е значаен ден за Белишче, кој
нема долга историја но отсекогаш има своја посебност и богата културна
традиција која и денес ја негуваат 22 национални заедници кои живеат на
територијата на општината.
-Добредојдовте во Белишче на
овогодишната „Белишчанска златна
есен“, и ви
благодарам што повторно одговоривте на нашата
искрена пријателска покана. Можеби нјаважната задача на сите нас е
водење на грижа за нешто што не се мери на со километри, ни со килограми, туку
со нешто што има човечка важност, меѓусебно почитување, изјави градоначалникот Динко Буриќ .
На свеченоста, свое обраќање
имаше и Градоначалникот Конзулов, а исто така и останатите присутни
Градоначалници кои беа гости во склоп на манифестацијата а свои делегации имаа: општина Богатич од
Р.Србија, општините Колашин и Мојковац од Р.Црна Гора како, општините
Бенковац и од Р.Хрватска и
општина Целје од Словенија.
Дел од посетата на Белишче беа и Фолклорниот
анасамбл „Ацо Караманов“ како и ликовните уметници од ДЛУР РАДА, Душан Коцев и
Марјан Крстев, кои уште еднаш, на највисоко ниво ја претставија Општина
Радовиш, учествувајќи во Ликовната
колонија. Имено, во склоп на
Белишчанска златна есен во текот на првиот ден се одржа и манифестацијата „Музички мостови на културите“ во Центарот за култура „Сигмунд Ромберг“, во чија
реализација покрај ансамблите од Србија, Словенија и Црна Гора, свој настап имаше и Фолклорниот ансамбл „Ацо
Караманов“.
Истиот
ден претходно беше одржана и традиционалчната Пекмезијада каде беа изложени
разни видови на џем.
Истиот
дена сите делегации и гости присуствуваа и на прогласувањето на
победниците на традиционалниот Државен натпревар во готвење на чобанац, кој се
оддржа на плоштадот „Анте Старчевич“ во Белишче.
За крај на самата манифестација, во вечерните часови
на плоштадот Анте Старчевич, беше оддржана фолклорна смотра и настап на 15
културно-уметнички друштва и ансамбли од седум држави. Фолклорниот Ансамбал Ацо Караманов, од
Радовиш, имаше забележителен настап, со што успешно го претстави Радовиш и Македонскиот фолклор
воопшто. Со овој настан беше заокружена прекрасната програма
на Белишчанска златна есен.