Connect with us

Економија

Со ребалансот повисоки плати во приватниот и јавниот сектор и поврат на ДДВ кај граѓаните

Виолета | Media Press

Published

on

Со Ребалансот 2019 се обезбедува поддршка за поголеми плати во приватниот и јавниот сектор, повеќе средства за активни мерки за вработување и средства за проектот Мој ДДВ, преку кој за помалку од три месеци на граѓаните ќе им биде извршен поврат на ДДВ. Алоцирање на средства онаму каде ќе има најголема ефикасност и каде може да се постигнат поголеми економски ефекти е целта на предложениот ребаланс на буџетот, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска образлагајќи го истиот на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

– Со ребалансот се обезбедува распределбата на поголем дел од јавните приходи кај граѓаните, директно вложување во потребите и потенцијалите на луѓето и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање на нови работни места и исплати на повисоки плати во приватниот сектор и за сите работници. Притоа, поставените цели за 2019 година целосно се насочени во функција на постигнување на клучните приоритети на општеството: повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО – рече министерката Ангеловска.

          Ангеловска истакна и дека од 1 септември стапи на сила ново покачување од 5% на платите во јавната администрација, здравството, образованието, градинките, полицијата, културата, одбраната и во другите дејности во јавната администрација, кое ќе се исплати на почетокот на октомври.

Министерката за финансии посочи дека со ребалансот е направена незначителна корекција на приходната и расходната страна, а дефицитот е непроменет – односно дека измените воглавно се однесуваат на реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции.

        Ангеловска посочи дека со ребалансот се алоцираат 400 милиони денари за мерката за субвенционирање на придонесите доколку работодавецот ја зголеми платата на вработениот до 100 евра. Исто така, предвидени се дополнителни 200 милиони денари за активни мерки за вработување.

        Алоцирани се дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, како и 660 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Регресот за годишен одмор или К-15, до крајот на годината

Виолета | Media Press

Published

on

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство.

Фирмите коишто не го исплатиле во претходните  месеци ќе мораат тоа да го направат до крајот на декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината.

Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) е право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. 

Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. 

Истовремено, ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд 15 131.

Од инспекторатот напоменуват дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон.

Continue Reading

Економија

Околу три милиони евра ќе легнат на сметките на граѓаните од платениот ДДВ по проектот Мој ДДВ

Марија | Media Press

Published

on

Според податоците на финансии 170 илјади граѓани чекаат поврат на парите од платениот ДДВ. Средствата кои ќе бидат исплатени  за скенираните сметки во јули, август и септември.

Од први до 15 декември на сметките на граѓаните кои скенираат фискални ќе легнат околу три милиони евра.

За скенираните фискални сметки ќе има и награди од средината на идниот месец. За оваа министертвото за финансии и фондот за иновации ќе организираат натпревар. Оние кој ќе понудат најдобро решение ќе добијат околу 32 илјади евра.

Од опозицјата обвинуваат дека МОЈ ДДВ е популистичка мерка од која корист имаат побогатите.

Наградната игра се воведува за да се задржи интересот кон мерката која не дава резултати. Најавениот поврат на средства е мал ако се гледа поединечно по граѓанин. Се работи за мерка од која добиваат оние кои имаат да трошат повеќе пари,  значи за побогатите, се вели во дописот од ВМРО ДПМНЕ.

Апликацијата МОЈ ДДВ почна да функционира од први јули годинава.

Во иднина ќе се надградува и апликацијата МОЈ ДДВ. Сите кој ја користат ќе можат да проверат коку пари имаат од поврат и да пријават ако некој не им издал фискална сметка.

Враќањето на данокот ќе се врши на трансакциската сметка на лицето, по службена должност од страна на Управата за јавни приходи, во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.

Исплатата на средствата ќе се врши од Буџетот на Република Македонија, преку
Управата за јавни приходи.

Вратениот износ на данокот на додадена вредност согласно овој закон не претставува доход кој подлежи на оданочување со данок на личен доход односно граѓаните немаат обврска да го пријават овој вид на приход и немаат обврска да платат данок на личен доход.

Инаку Апликацијата можат да ја симнат сите граѓани со навршени 15 години, меѓутоа истата можат да ја користат само оние граѓани кои се регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок
(е-Персонален данок) на Управата за јавни приходи; и Поседуваат трансакциска сметка кај носител на платен промет.

За регистрација на пензионерите и социјално ранливите категории, им беше дадена можност да се регистрираат во системот на е-пдд, во било која организациона единица на УЈП, само врз основа на важечки документ за идентификација (лична карта, пасош), без претходна електронска регистрација. со помош на службениците на УЈП, овие граѓани ќе можат да ги скенираат фискалните сметки на уредите на УЈП.

Continue Reading

Економија

Од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари.

Марко | Media Press

Published

on

Собранието  вчера ги изгласа Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите за раст на плата со што од следниот месец минималната плата ќе изнесува 14.500 денари. Законски утврдената минимална плата за декември во Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари. Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе може да се користат во следните три години.
Со изедначување на минималната плата во 2017 година за работниците во текстилната и кожарската индустрија се постигна зголемување на просечната плата во производство на облека за 16%, а во текстилната индустрија за 24%, односно за 3.870 денари. Со зголемувањето на минималната плата, обезбедена е повисока плата за 90.000 граѓани информираат од Владата.
Во моментот минималната плата во државата изнесува 12.507 денари.

Continue Reading