Connect with us

Радовиш

ЗИТ-Радовиш по трет пат го доби ПЕХАРОТ за нај успешна екипа

Давид | Media Press

Published

on

Здружението на инвалиди на трудот од Радовиш, учествуваше и постигна убедливо најдобри резултати на РЕПУБЛИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ одржани на 14.09.2019 год. во Струга.

Истите беа одржани  под покровителство на Националниот Сојуз на Инвалиди на Трудот (НСИТ) на Македонија. Учесниците во спортските игри се вратија со повеќе признанија за освоени први места во разни дисциплини.

 ЗИТ-Радовиш по трет пат го доби ПЕХАРОТ ЗА НАЈ УСПЕШНА ЕКИПА, информираат од здружението.

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со апел: Сите да покажеме одговорност и солидарност

Виолета | Media Press

Published

on

По потврдата на првите случаи на заболени од корона вирусот во Општина Радовиш, Градоначалникот Герасим Конзулов апелираше до грѓаните на одговорност и солидарност, и пред се почитување на препорачаните мерки.


„По потврдата на првите случаи на заболени од корона вирусот во нашата општина соочени сме со нова реалност.
Затоа апелирам до сите вас да ги почитуваме владините мерките за заштита.
Од нашата лична и колективна одговорност зависи успешното справување со оваа здравствена криза.
Превземаме мерки за заштита кои се во нашиот делокруг на работа.
Јавно им се заблагодарувам на сите граѓани и фирми кои помагаат и донираат опрема за потребите на општинските служби.
Надлежните државни и локални органи се грижат за заболени и тие кои се во изолација.
Ова е време кога сите треба да покажеме одговорност и солидарност кон нашите граѓани.
На заболените им посакувам брзо опоравување.
Заедно ќе ја надминеме и оваа криза“, стои во апелот од градоначалникот Конзулов.

Continue Reading

Македонија

Бројката се искачи на 570 заболени лица во Македонија, 4 во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1.

Еден од случаите пријавен од ЦЈЗ Куманово по место на живеење е од општина што припаѓа под Подрачната единица Крива Паланка. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.

Од оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени.

Во изминатото деноноќие направени се 202 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 168, преку Ветеринарен факултет –0, Авицена –11 , Биотек – 0 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 23. Досега во земјата се направени 5.493 тестирања на Ковид-19.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 239, Куманово – 121, Дебар – 49, Штип – 20, Прилеп – 33, Тетово – 29, Струга – 25, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крив Паланка- 3, Радовиш -4, Крушево – 2, Кочани – 14, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Continue Reading

Радовиш

Во тек се повеќе градежни активности во Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

И покрај вонредната состојба во тек се повеќе градежни активности во  Општина Радовиш. Како што кажа градоначалникот Герасим Конзулов се работи на повеќе улици во градот и населените места.

Според градоначалникот Герасим Конзулов се градат нови улици во неколку населени места и во градот, а ве тек е и изградбата на новиот резервоар за вода со што се решева проблемот околу водоснабдувањето.

Конзулов рече дека во постапка на подготвување на тендерска докуменатција се  за изградба на нови  улици во градот и во  населените места Јаргулица,  Војславци, Калугерица, Злеово, Покрајчево и други населени места.  

Continue Reading