Со доаѓањето на септември, започна сезоната на правењето на традиционалниот ајвар

Печење, лупење, мелење и неколку часови мешање се само дел од подготовката на оваа зимница. Обично за подготовка на ајварот се потребни околу 2 дена. Тој претставува посебен вид на салата, направена од црвени пиперки. Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија.

И покрај поскапите пиперки годинава, домашниот ајвар сепак останува најевтината варијанта, ако не се земе предвид работната рака, односно вложениот труд.

Пресметките велат дека годинава една тегла домашен ајвар ќе чини околу 70 денари. До оваа сума се доаѓа кога се ќе се собере. Ако килограм пиперки чини 25 денари, а дозата е 50 килограми, само за главната состојка се потребни 1250 денари, за зејтин треба да се одвојот околу 350 денари, колку што чинат 5 литри. На оваа доза се потребни околу 20 модри патлиџани кои би чиниле околу 200 денари.

Отука вкупната сума достигнува околу 1800 денари. Од 50 килограми пиперки во просек се добиват околу 25 килограми ајвар. Што значи дека една тегла ќе чини околу 70 денари.

Сепак традицијата на правење на ајвар полека се напушта. Се помалку домаќинки се нафаќаат на мачната процедура, печење, лупење,  мелење и пржење, а една од причините е како што велат некои домаќинки, „децата не ни се овде“.

Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор – пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента.

Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, затоа што на овој начин потоа полесно може да се излупат.

Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се мелат и пржат на тивок оган. Секоја домаќинка различно го подготвува својот ајвар, но во суштина рецептите се слични. Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан, како најефективен додаток на традиционалниот ајвар.

Голем дел од семејствата веќе започнаа да купуваат готов ајвар по нарачка,  по цена од околу 250 денари.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago