Categories: Радовиш

При крај се градежните работи на локалниот пат Подареш-Смиљанци

Проект кој го реализира Општина Радовиш, за поврзување на ова атрактивно планинско место со Подареш.

Градоначалникот Герасим Конзулов, изврши увид во градежните активности на локалниот пат Подареш-Смиљанци, односно од мостот на Смиљанска река, до центарот на селото.
Се работи на асфалтирање на патот кој е во должина од 2.7 км. Градежните работи се очекуваат да завршат во наредните 7 дена. Вкупната вредност на проектот изнесува 25.500.000 денари.

Инаку Општина Радовиш во текот на летниот период односно во последните четири месеци  рализира пет значајни проекти за подобрување на патната и комунална инфраструктура.

Станува збор за изградба и реконструкција на локални патишта, улици, тротоари и атмосферска канализација со кои се решаваат низа инфраструктурни проблеми и подобрува квалитетот на животот во општината.
Обновена е улица Илија Алексов во склоп на рехабилитацијата на патниот правец Радовиш-Подареш како и патот од центарот на с. Злеово према клучката на магистралниот пат Радовиш-Струмица.
Во селото Калуѓерица изградена е улица како и улица во селото Ињево.
Исто така, санирани се и  ударните дупки на повеќе локации во градот информираат од Општина Радовиш.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago