Градоначалникот Коста Јаневски, синоќа во центарот за култура ,,Антон
Панов” ја отвори изложбата на дела создадени на Меѓународната струмичка
ликовна колонија.
-Пред сите нас, пред нашата љубопитност и потребата за убаво
доживување, ги имаме на показ 40-те дела создадени на овогодинешната 56-та по
ред Меѓународна струмичка ликовна колонија, како своевиден сублимат на
творечкиот порив на 14-те ликовни творци од САД, Полска, Русија, Србија,
Грција, Бугарија
и Северна Македонија. Притоа, не смееме да заборавиме дека во рамките на
колонијата се одржа и 26-то Студио за мозаик, со кое раководеше нашиот познат
сликар и мозаичар, Александар Филев, кое е вистински раритет во нашава земја.
Вечерашнава
изложба е убав продукт од 12-те творечки денови во жешкиот струмички август, во
кои учесниците на колонијата, низ дружење и плодотворна атмосфера ги создадоа
своите дела, но во кои и пронаоѓаа творечка инспирација при посетата на
струмичките културно-историски споменици, осознавајќи го нашето богато и вредно
културно наследство.
Со
изложените дела, пребогатиот пет и пол децениски фонд на колонијата ја надмина
импозантната бројка од 2.600 дела, кои во различни ликовни дисциплини ги
создадоа бројните уметници од сите светски меридијани.
Тоа
е непроценливо богатство кое ја осведочува ликовната историја на нашиот град и
држава, рече градоначалникот Јаневски.