Categories: Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Претседателот Стево Пендаровски, оствари средба со членовите на Комисијата за одбрана и безбедност од Собранието на Република Македонија.

На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според Претседателот треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбедноста на државата.

„Јас сум претседател на сите, без разлика кој ме предложил или гласал за мене. На седницата на Советот за безбедност го поканив и лидерот на опозицијата. Така ќе правам и натаму, бидејќи одбраната и безбедноста на државата не се ничија лична работа“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера и го истакна фактот дека се поддржани и од власта и од опозицијата.

На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во Македонија во доменот на одбраната и безбедноста, како и за состојбата во регионот.

Претседателот Пендаровски ги информираше членовите на комисијата дека до сега 22 држави го завршија процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на државата во НАТО, додека кај преостанатите седум земји-членки нема политички пречки процесот да се заокружи.

Во контекст на безбедноста во регионот, став на државниот врв, информираше Претседателот, е дека промена на границите на Балканот е опасна идеја.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековната работа на комисијата и за носењето на законите од безбедносната сфера, а членовите на комисијата  позитивно ја оценија можноста за средба со Претседателот и ја нагласија неговата улога за надминување на поделбите во општеството, стои во официјалното соопштение од Кабинетото на Претседателот Стево Пендаровски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago