Во тек е јавната набавка за изградба на пат за поврзување на регионален пат со населено место Горна Мала

Општина Валандово објави  јавна набавка, за изведба на проектот “Изградба на пат за поврзување на регионален пат “Р – 1105” со населено место Горна Мала. Реализацијата на проектот опфаќа: изградба на нова улица во должина 1180 метри и ширина од 6 метри, изградба на мост на влезот од Горна Мала, како и изградба на тротоар во должина од 700 метри и ширина од 1.5 метар.

Овој проект е финансиран преку програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) и од Општина Валандово.

Реализацијата на истиот е од големо значење за граѓаните од населените места Јосифово и Горна Мала, информират од Општина Валандово.

– Ја зголемува безбедноста од поплави, ја подобрува поврзаноста на двете населени места и значително ја подобрува сообраќајната поврзаност на населените места, со регионалниот и магистралниот пат кои поминуваат во нивна близина.

Општина Валандово продолжува да инвестира во проекти од капитален карактер и да гради инфраструктура за сите. Заеднички, создаваме подобра заедница и подобри услови за живот, на секого, велат од општината.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago