Categories: Радовиш

50-ти по ред ЕФЕСТ фестивал на културата и уметноста во Селчук -Турција, збратимена општина на Радовиш

Делегација од Општина Радовиш предводена од Градоначалникот, Герасим Конзулов, беше во официјална посета на збратимената општина Селчук во Република Турција. Посетата се реалзира викендот од 6 до 8 Септември.

Повод за гостувањето беше упатената покана по повод организацијата на јубилејниот, 50-ти по ред ЕФЕСТ фестивал на културата и уметноста.

Во склоп на посетата, делегацијата имаше официјален прием кај Градоначалничката на Селчук, Г-ѓа Филиз Черитоглу Шенгел каде обострано беше изразено задоволството од обновената соработка помеѓу двете општини со надеж дека во иднина ќе продолжи соработката на повеќе полиња од општественото живеење.

Исто така, остварена беше посета и на Здружението на иселеници од Радовиш и Конче а Градоначалникот Конзулов,  оствари средба и со наши иселеници кои живеат на улицата „Радовиш“ во општина Селчук.

Градоначалникот Конзулов оствари посета и на пријателската Општина Алиага, каде беше остварен прием кај Градоначалникот Серкан Ачар.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago