Categories: Радовиш

Запален пластичен контењер во центарот на Радовиш

Како да беше малку пожарот на Готен,  несовесен граѓанин,  запали и пластичен контењер  пред некогашната Стоковна куќа во центарот на Радовиш.

 Дел од пожарникарите од ТППЕ од Радовиш мораа и овде да интервенираат со едно возило.  Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните за поголемо внимание,  бидејќи како што велат малку треба од запалувањето на контењерот, пожарот да се прошири на околните објекти или паркирани возила, посебно овие денови  кога речиси сите вработени и возила од пожарната се на планината Готен.

Бидејќи не постојат никакви предусолови (пепел, жар и слично) за да дојде до палење на отпадот во контејнерот сметаме дека се работи за вандалски чин со кој се уништува сопственост на ЈП Плаваја и на сите граѓани, бидејќи контејнерите се купени со средства од  граѓаните и корисници на услугата собирање на комунален отпад. ЈП„Плаваја“ ги осудува ваквите вандалски чинови и апелира до надлежните органи да ги најдат одговорните за нив.

Воедно благодариме на екипата на ТППЕ Радовиш за брзата интервенција со која се спречени уште поголеми штети пред се на паркираните возила и околината на местото на настанот стои во апелот од ЈП Плаваја.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago