Categories: Радовиш

Рудникот Бучим го одбележа Денот на рударите и значаен јубилеј 40 години од основањето

Рудникот за бакар Бучим од Радовиш  денеска со пригодна свеченост го одбележа  Денот на рударите ,   28 август  ,,Голема Богородица,,   заштитничка на рударите и значаен јубилеј 40 години од основањето и 15 години успешна работа во состав на Компанијата Солвеј. 

На прославата покрај раководството на рудникот, генералниот директор  Василиј Боруцки, заменик генералниот директор Николајчо Николов, беа присутни  и сопствениците на Солвеј  Александар Боронштејн и неговиот син Дан Бронштејн, Претседателот на Владата  Зоран Заев и други поканети гости.

Генералниот директор  Василиј Боруцки во своето обраќање пред присутните гости  даде краток осврат како се развивал Рудникот Бучим од  2004 година па наваму и во какава лоша состојба бил затекнат самиот рудник и неколкуте вработени.

Сипственикот Бронштејн им го честита Денот на рударите и со задовоство констатира дека  во рудникот Бучим,  покрај досегашните ќе направат и нови инвестиции за отварање на Боров Дол.

Претседателот на Владата Зоран Заев придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче им го честита  Денот на рударите и јубилејот 40 години постоење на рудникот.

-Рударскиот сектор е важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите,  рече меѓу другото Заев.

На денешната свеченост  беа присутни повеќе поканети гости меѓу кои  градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов, Градоначалникот на општина Конче Благој Илиев, Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, сопственикот и генерален директор на Адора Инженеринг Ванчо чифлиганец и други високи гости,  рудари и вработени во Рудникот бучим.

На трите општини им беа доделни вредносни ваучери од Рудникот Бучим како општествено одговорна фирма, на општина Радовиш ваучер од 8000 евра на Конче и Штип ваучер од по 6000 евра.  

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago