Categories: Радовиш

Пожарот на Готен сеуште неможе да се стави под контрола, гори над селата Јаргулица и Подареш

Како што дознаваме од ЈП Национални Шуми -Подружница Плачковица и Територијалната Противпожарна Единица  од Радовиш, пожарот е во месноста Готен и  постепено навлегува длабоко во шумата, а во моментов гори над населените места Јаргулица и Подареш.

И покрај интервенцијата од ТППЕ од Радовиш и екипи од ЈП Национални шуми во гаснењето на пожарот со два авиони се фклучи и ЦУК но без успех вели директорот на ЈП Национални Шуми од Радовиш кој додава дека пожарот неможе да се стави под контрола, поради  екстремно високите температури  и тешко пристапниот терен.  Претходно тој се протегаше меѓу населените места Покрајчево и Злеово а сега се издигна над Јаргулица и Подареш. Според првичните проценки добиени од ТППЕ Радовиш, опожарени се големи површини од шумска маса и ниско стеблести растенија но доколку не се локлизира ќе навлезе длабоко во шумата.

Од Национални шуми апелираат и до локалното население да се вклучи во гаснењето на пожарот а се апелира до  граѓаните да бидат и повнимателни.

Се упатува апел до сите граѓани, за поголема внимателност и совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.

И општина Радовиш со апел до граѓаните од сите населени места за поголемо внимание во природа и при извршување на земјоделски работи, за да не дојде до пожари.

-Дел од подрачјето на општина Радовиш, се соочува со зачестена појава на шумски пожари и пожари на отворен простор. 
Како причинители се сметаат високите температури на воздухот и сушниот период, но и невнимателноста на граѓаните и намерно подметнување, се вели во апелот од Општина Радовиш. 

Според првичните проценки добиени од ТППЕ Радовиш, опожарени се големи површини од шумска маса и ниско стеблести растенија.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago