Connect with us

Радовиш

Еколошка акција „Сакам чиста општина“ во сите населени места во Општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Општина Радовиш заедно со Јавното Комунално Претпријатие Плаваја за прв пат по 40 години  започна со чистење и собирање на смет од населените места. Врз основа на  донесена одлука на советот на Општина Радовиш ќе се реализира проектот  „Сакам чиста општина“ во сите населени места и ќе се врши органзирано собирење на смет.

За таа цел денеска во село Ињево беа донесени и распоредени 10 контењери, и се спроведе еколошка акција за чистење  во која беа вклучени  ученици,  наставници, директори на јавни институции, екипа од ЈП Плаваја,  претседателот на Советот на општина Радовиш Коле Чаракчиев, градоначалникот Герасим Конзулов и други лица.

Општина Радовиш освен апелот за подигање на свеста презема и мерки  за санкционирање на несовесните граѓани кои фрлаат отпад на јавни површини. преку општинските комунални инспектори и преку полициската станица се поднесуваат и прекршочни пријави кои според Конзулов не се реализираат до крај.

Според претседателот на советот Коле Чаракчиев донесена е одлука на совет  да се исчистат сите населени места, да се постават контењери и да се започне со редовоно и органзирано собирање на смет.  Акцијата започна од Ињево  и со договор со месната заедници и  локалните жители ќе продолжи и во останатите населени места. 

И советот на месната зедница на Ињево ја  подржува денешната акција. Од нивна страна беа  лоцирани неколку диви депонии кои денеска беа исчистени.

За реалзиација на денешната акција беше вклучена механизацијата на ЈП плаваја, потпомогнати од локалното население со трактори.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе