Регион
Детали за извршеното убиство, кога лицето беше пронајдено во водите на браната Турија
Објавено на
Од
Media PressСВР Струмица до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против М.В (54) од с.Добрејци, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело “Убиство “, извршено од користољубие на подмолен начин врз А.М (62) од Струмица.
На 13.10.2018 во СВР Струмица, од страна на роднина на А.М пријавено е дека на лицето му се губи трага. Од страна на СВР-Струмица во координација со јавен обвинител преземени се низа оперативно-тактички мерки и активности.
-Утврдено е дека на 09.10.2018, покојниот АМ. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале и заедно отишле во адвокатска канцеларија во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу АМ како продавач и пријавениот како купувач, за цена од 18.200 евра. Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка.
На 09.10.2018, пријавениот го извршил убиството врз А.М. во неговиот деловен објект во с.Добрејци, каде го има повикано со изговор да му ги исплати парите за купената деловна просторија, така што го застрелал со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво, и го потопил во водите на брана Турија на место викано “Рајанци“.
На 05.08.2019 околу 15.00 часот, на брана „Турија“ кај место викано “Рајанци“ пронајден е метален камионски резервоар за гориво со машки труп во него. Од извршената обдукција во Судска медицина Скопје утврдено е дека пронајдениот машки труп е А. М.. При обдукцијата бил изваден проектилот со кој бил застрелан при што е утврдено дека се работи за проектил со калибар 5,6 мм, исто како во случајот со претходно убиство на Р.И. од Струмица, чие тело беше пронајдено исто така во водите на брана Турија во непосредна близина на местото каде е пронајден А.М., за што СВР Струмица веќе поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица поради основано соменавање дека пријавениот сторил кривично дело „убиство“ рече Портпаролот на СВР Струмица Хризантема Рендевска.
По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело “Убиство“ по чл.123 од КЗ.
Поврзани содржини

Лишено од слобода лице од Богданци поради сторено кривично дело Убиство

Кривична пријава против едно лице за „убиство од небрежност“ во село Габревци, а против десетина лица за „незаконит лов“

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство на студент во Штип

ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства

Приведено лицето осомничено за убиство на 83- годишната жена во струмица

Приведени двајца малолетници поради убиство на 67 годишна струмичанка
Регион
Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 06.11.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(33) од тоа село. Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени повеќе тегли исполнети со марихуана, две растенија од канабис и семки од канабис, а при преглед на К.П. тој извадил и предал рачно изработена цигара со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.П.Е.(63) од Струмица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „волксфаген“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Е.П.Е. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Љ.Г.(34) од село Вељуса, струмичко. По преземени мерки било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна документација. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.11.2026 во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното тој на 08.11.2026 во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Регион
Сообраќајна несреќа со смртни последици на магистралниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Радичево
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
Media Press
На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Регион
Една сообраќајна нзгода, возење под дејство на алкохол и без возачка дозвола, пронајдена дрога, се дел од билтенот на СВР Струмица
Published
4 недели agoна
октомври 19, 2026By
Media Press
На 17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев” во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“ Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.
На 17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т. извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска (18.10.2026) во 02:20 часот на крстосница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер било констатирано дека Б.Т. возилото го управува со 1.63 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Б.(42) од Гевгелија. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер е констатирано дека М.Б. возилото го управува со 1.60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(44) од село Бојане, општина Сарај. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

