Connect with us

Струмица

Приведени двајца малолетници поради убиство на 67 годишна струмичанка

Avatar

Published

на

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на Д.М. (67) во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.

На 19.02.2021, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување,  а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на ул. „Балканска” во Струмица, каде е пронајдена мртва Д.М. (67).

Преземени се мерки за расчистување на случајот и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство”, казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слободамалолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години).

По наредба на ОС Струмица, со цел обезбедување на дополнителни докази, извршен е претрес во домовите на осомничените.

Во просториите на СВР Струмица, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците со соодветен поднесок се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка согласно законската регулатива, информира СВР Струмица.

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе