Connect with us

Uncategorized

Исплатени 106 милиони денари за интервентната мерка за индустриско јаболко

Avatar

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во Ресен одржа работни средби со градоначалникот на општина Ресен и со земјоделци од овој регион. На средбата со градоначалникот беа презентирани активностите коишто ги презема општината во секторот земјоделство во делот на создавање на услови за обезбедување на модерни откупни и преработувачки центри, со коишто ќе се овозможи сигурен пласман и откупот на јаболката, како и капиталните проекти кои општина Ресен ќе ги реализира преку мерките од Програмата за рурален развој.

На средбата со земјоделците, министерот Димковски ги информираше дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 106 милиони денари за дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25-ти декември 2018 година. Оваа интервентна мерка МЗШВ ја донесе со цел да се покријат загубите на овоштарите  поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018-та и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период.

На средбата беше разговарано и за мерките што МЗШВ ги презема за справување со негативните последици од климатските промени, при што министерот Димковски информираше за проектот за авионско засејување на облаците, за којшто УХМР ја финализира постапката за објава на тендер.

Uncategorized

Препораката за јавни собири продолжува и неделава, се откажуваат многу настани

Александар | Media Press

Published

on

Препораките воведени за заштита од коронавирусот да не се одржуваат јавни собири продолжуват и неделава. Нов потврден случај на коронавирус во земјава нема, а жената која е на Инфективната клиника од минатата недела позитивна на вирусот Ковид-19 е во добра здравствена состојба.

Владата во петокот издаде препораката за откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации. Препораката важи до 6 март за сите, особено за оние каде се очекува присуство на голем број граѓани и каде има или се очекуваат можни присутни гости од странство. Беа откажани Струмичкиот карневал и Карневалот „Прочка“ во Прилеп, а повеќето спортски настани се одржуваа без присуство на публика.

Во сила е и препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа бидејќи тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

Властите смируваат дека нема простор за паника, бидејќи ситуацијата будно се следи од страна на експертите епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Властите ги уверуваат граѓаните дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје, ги постигнаа очекуваните резултати и дека превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот, се остваруваат целосно.

Граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, меѓу кои и задолжително и често миење на рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

Continue Reading

Uncategorized

Ловџија го погодил својот другар со кој бил заедно на лов, во пределот на градите

Виолета | Media Press

Published

on

На 26.01.2020 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во 08.00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, лицето со иницијали Н.Н.(64 години) од Струмица, додека бил на лов заедно со други лица, бил погоден од ловен патрон во пределот на градите.
Според пријавеното, патронот бил испукан од лицето М.Ш.(69 години), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н. Лицето се здобило со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Continue Reading