Македонија
36 лица со телесна попреченост добија ортопедски помагала
Објавено на
Од
Media PressМинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на доделувањето на ортопетски помагала на лица со телесна попреченост со кои подвижноста и мобилноста ќе им се подобри и зголеми. Помагалата се обезбедени од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, со средства од МТСП кои се доделени на Сојузот согласно програмата за работа и одобрениот финансисики план за 2018 година. Вкупната сума потрошена за ортопедски помагала изнесува 1,6 милиони денари.
„Навистина ми е драго што денеска 36 лица со потешка телесна попреченост ги добиваат помагалата коишто им се потребни. Министерството за труд и социјална политика прави напори со обезбедувањето на средства потребни за функционирањето на националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија – Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката Царовска.
Истовремено МТСП со најновите измени на Законот за социјална заштита значително ги унапредува правата на лицата со попречености со тоа што воведува две нови услуги, домашна нега и лична асистенција.
Бранимир Јовановски од Мобилност- Македонија вели дека согласно Програмата за работа Сојузот обезбедува соодветна парична помош на членовите во случаи кога треба да платат или партиципираат за користење на неопходни здравствени услуги или набавка на помагала, а во границите на финансиските можности на сојузот, како и во склад со актите на сојузот и за оваа намена се на располагање 271.890,00 денари, кои се префрлени на 16 општински здруженија-членки на сојузот, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

