Connect with us

Регион

Нови 8.500 бесплатни канти за комунален отпад во Општина Струмица

Avatar

Published

на

Домаќинствата од населените места и градот Струмица ќе добијат нови 8.500 бесплатни канти за комунален отпад. Од денеска екипите на ЈКПД „Комуналец“ започнаа со распределба во населените места Баница, Водоча и Вељуса.

-Кантите се наменети исклучиво за индивидуалните домаќинства. Важно е да напоменеме дека тие ќе се делат бесплатно и истите ќе бидат на товар на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица. Апелираме до граѓаните за домаќинско користење на кантите за отпад и истовремено да напоменам дека секоја друга канта за отпад, освен овие кои ќе бидат поделени, нема да се подигаат. Aцијата ќе продолжи во текот на цел месец август, во кој ќе бидат поделени 8.500 канти од 120 литри и ќе бидат опфатени сите населени места, како и градот Струмица, изјави Бранко Горѓиев раководител на Одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“. 
Со бесплатните канти, Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ го даваат својот влог и го потврдуваат сериозниот однос во заштитата на животната средина.

Регион

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш

Avatar

Published

на

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, биле констатирани при спроведената акција на СВР Струмица во текот на вчерашниот ден.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе