Гевгелија
Изгоре целото поткровје со 6 стана на станбена зграда во Гевгелија
Објавено на
Од
Media Press
Во пожарот што вчера ја зафати станбената зграда на улица„Ристо Чавдаров“ во Гевгелија, а во кој изгоре целото поткровје со шест станови, со брза и пожртвувана интервенција на противпожарните единици од Гевгелија, Валандово и Неготино, беше избегната поголема трагедија.
Станарите од опожарените станови, веднаш по неговото пријавување во 11.25 часот, биле навреме евакуирани, а засега единствено со полесни телесни повреди се здобиле неколкумина пожарникари, главно, изгореници и исеченици на екстремитетите и отежнато дишење.
Се разбира, пожарот предизвикал голема материјална штета, која
допрва ќе се проценува, бидејќи во пожарот целосно изгореа сите шест стана во
поткровјето на зградата, а оштетувања има и на шестте станови на петиот кат.
Многу кратко по пријавувањето на пожарот, поточно, во 11.45 часот единицата на
ТППЕ-Гевгелија дејствуваше преку двата влеза од станбената зграда. Во гаснењето
на пожарот учествуваа 22 пожарникари од ТППЕ-Гевгелија, Валандово и Неготино, 5
доброволци од Доброволното противпожарно друштво во Дојран, вработени во
ЈПКД„Комуналец“ и 6 припадници на МВР.
Притоа, беа ангажирани 7 противпожарни возила, но и други помошни возила учествуваа во гаснењето на пожарот. Најголем проблем за негово локализирање, меѓутоа, претставуваа силниот ветер и покривот на становите во поткровјето, изработен од дрво.
-Во 14.45 часот пожарот беше ставен под контрола со натчовечки напори и голема
пожртвуваност на пожарникарите и сите други, кои учествуваа во борбата со
огнената стихија. Сето тоа се одвиваше во многу лоши услови, бидејќи пожарот
изби во еден од становите во поткровјето, на шестиот кат и за миг се прошири на
целиот кат. Наша цел беше, најпрво, да се евакуираат станарите од зградата и да
не се дозволи пожарот да ги зафати становите од петтиот кат, – вели командирот на ТППЕ-Гевгелија Раде Котевски, кој
раководеше со акцијата за локализирање на пожарот. Притоа, нагласува дека многу
значајно е што нема повредени граѓани.
Инаку, во пожарот целосно изгореа 6 станови во поткровјето, од кои три биле
празни, а 6 станови на петтиот кат се делумно оштетени. За време на
интервенцијата оштетена е техничката опрема и личната заштитна опрема на
пожарникарите. За време и веднаш по пожарот инспектор за пожари при Дирекцијата
за заштита и спасување изврши увид, а на терен излегоа и истражните органи.
Засега официјално се уште не се познати причините за пожарот.
Поврзани содржини

Дали државата треба да гради станбени згради со цел да се регулира пазарната цена на станови, која градежните компании ја вивнаа до небо?

Над 25.000 посетители на концертната вечер на Северина во Гевгелија во рамки големото МЕГА отворање

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена

ЈП Плаваја со факти и докази дека редовно се одржува депонијата во Радовиш

Наскоро МЕГА ШОПИНГ ПАРК во Гевгелија, модерeн шопинг парк со голем избор на брендови, забава и услуги на едно место

СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА за заштита и спасување „ДА ЈА СПАСИМЕ ИДНИНАТА“ во ООУ „Владо Кантарџиев“
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

