Гевгелија
Општините бараат дел од данокот од казината, што го плаќаат на државата
Објавено на
Од
Media PressДел од средствата кои државата ги добива од казино бизнисите на име на данок да добиваат и општините, предлага градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков.
Според него во моментов 20% од приходот на казината по основ на данок се влеваат во државниот буџет, а општините на чија територија тие егзистираат не добиваат ништо. Ваквото барање му го соопшти и на министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој имаше средба со градоначалниците од Југоистокот на државата.
Министерот за локална самоуправа најави дека овој како и сите други предлози кои доаѓаат од локалните самоуправи се разгледуваат, а зголемувањето на средствата кои општините ги добиваат ќе одело паралелно со зголемувањето на ингеренциите на општините.
Поддршка на измените на законот за локална самоуправа ќе очекуваат и од опозицијата со цел да се добие заедничко решение кое ќе биде во интерес на сите граѓани. Милевски потенцираше дека интенциите на владата се општините да добијат поголеми ингеренции. Кој ќе биде опфатот ќе се знае за околу месец и половина.
Поврзани содржини

За пејачи и изведувачи општините трошат 1 милион евра годишно, покажува истражувањето на Центар за граѓански комуникации

Градоначалниците на општините Василево, Ново Село и Босилово потпишаа договори во Владата, за реализација на инфраструктурни проекти

Општина Валандово најтранспарентна од 10-те општини во Југоистокот, во првата група за многу добра транспарентност влегува и Општина Радовиш

Во казино во Гевгелија починала жена од Република Грција

Пријава во полиција за физички напад во казино во Радовиш

Физички бил нападнат во казино во Радовиш по што пријавил во полиција
Гевгелија
Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гевгелија
МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници
Published
3 месеци agoна
август 19, 2026By
Media Press
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.
Гевгелија
На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант
Published
3 месеци agoна
август 14, 2026By
Media Press
На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз.
Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

